Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Не може граѓаните да се затвораат, а Костадинов и Николов да прават корона-забави во ресторани

„Доста Венко Филипче и Зоран Заев продаваат демагогија, не може граѓаните да ги затвораат, а Костадин Костадинов и Сашко Николов да прават корона-забави во рестораните кои работат само за нив“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, во десетти месец од коронавирусот во Македонија и, според статистиката на Министерството за здравство, има 76.251 заразен и 2.225 починати, само во текот на вчерашниот ден 31 починато лице.
„Филипче и Заев чекаа да поминат изборите во Штип, да ги прекршат и веќе постоечките мерки, какви такви, а дури денес стартуваат некои нови мерки. По ова поигрување или навреди кон граѓаните, што следи, знае ли Филипче воопшто што треба да прави? Но, освен што нема одговори, а очигледно нема и план како да се намали бројот на новозаболени, како да се намали бројот на починати од корона, тој не одговара на многу други прашања зошто нема одговори“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувајќи го указот на Законот за попис, Пендаровски докажа дека е вазал на Заев

Стево Пендаровски никако да испадне од сенката на Зоран Заев, а денеска тоа го потврди потпишувајќи го указот на Законот за попис, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу добро знае потрчкото на Зоран Заев, Стево Пендаровски дека овој закон за попис и оваа операција, е политичка операција, а не статистичка. Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околуЗаконот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел“, стои во партиското соопштение.
Во него се додава дека власта во врска со Законот за попис не прифатила ниту еден амандман на опозицијата.
„На брутален начин се злоупотреби европското знаменце, немаше волја да се воведат терминали за отпечаток од прст, а исто така Стево знае дека нема време да се спроведе овој попис“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата како аспект ја истакнуваат и грижата за здравјето на граѓаните.
„Во време на кризна состојба поради епидемијата со Ковид-19, Стево потпиша указ на Законот за попис. Гледа ли Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа оваа статистичка операција?“, се наведува во соопштението во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ е за попис на населението и домаќинствата, но не преку политичка операција, која, како што велат, нема да ги даде реалните резултати од овој процес.
Соопштенија
Левица: Работа во администрација да добијат луѓе од загрозени семејства, а не корумпираните кадри на ДУИ

Дека Македонија одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, доволно говори фактот што повеќе од 1.300 службеници, апсолутно без никаква оправданост биле примени на работа, а потоа, скоро една деценија воопшто и не се појавувале на своите работни места, а добивале плата од буџетот, велат од политичката партија Левица.
Партијата смета дека крајно време е да запре вработувањето според Рамковниот договор, како селекција по етнички клуч, а наместо тоа да се воведе, како што велат, социјална позитивна дискриминација.
„На тој начин ќе им се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството“, стои во партиското соопштение.
Според Левица, најочигледна манифестација на партизираноста на општеството се токму јавната и државна администрација.
„Работните позиции во установите и институциите од овој сектор се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим“, велат од партијата.
Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните и ги поттикнува на прекршување на законите

Пописот на населението, кое за првпат по цели 19 години ќе се одржи на пролет, е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на идните државни, економски, здравствени, образовни, културни политики и стратегии, суштински за напредокот на државата, соопшти СДСМ.
„Законот за попис, усвоен во Собранието, гарантира одржување на оваа значајна статистичка операција според меѓународните стандарди, според стандардите на Евростат. Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето потписи и повикувањето на граѓаните да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување.
ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните и ги поттикнува на непочитување на законите, иако знае дека за лицата кои не сакаат да се попишат следуваат казни. Опозицијата да не го партизира пописот и да не ги инволвира граѓаните за нивни партиски поени, бидејќи на сите им е јасно колку е значајна оваа статистичка операција и колку е голема должноста на сите граѓани да се вградат во нејзиното спроведување.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се поразени, им пропаднаа обидите државата да остане без важна статистичка операција, оваа пролет ќе има попис“, велат од партијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот