Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Не поминува месец без милионско задолжување, се земаат милиони, а ништо не се прави

Објавено пред

Пред два дена Владата се задолжи 12.7 милиони евра за да врати пари со камата што лани ги позајмила, не поминува месец без милионско задолжување, се земаат милиони, а патем ништо не се прави, нема капитални инвестиции, сите проекти се запрени, а за нови нема абер, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Реализацијата на капитални инвестиции од почетокот на годината, вклучително со јули месец, е историски најниски 21.33%. СДСМ мора да одговори доколку капитални инвестиции нема, на што се трошат парите од буџетот и од задолжувањата кои секој месец ги прават. Граѓаните заслужуваат да знаат каде одат парите кои сите ние заедно за некоја година треба да го враќаме со камати“, се наведува во партиското соопштение.

Задолжување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, може да има само заради реализирање на капитални проекти и никако поинаку. Неодговорното работење на СДСМ придонесе за првпат во историјата на државата јавниот долг да надмине 5 милијарди, а државниот 4 милијарди евра, се додава во соопштението од партијата.

Избори 2019

СДСМ:Предноста на Пендаровски е најава за сигурна победа во вториот круг

Објавено пред

Во првиот круг од претседателски избори победи Стево Пендаровски. Тоа е јасен факт.Пендаровски има предност и повеќе гласови од Гордана Сиљановска. Тоа значи дека граѓаните во поголем број го поддржаа концептот за напредок а не за враќање назад, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ.

Според партијата, предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна и јасна победа и во вториот круг на 5 мај.

„ВМРО-ДПМНЕ можат да само охрабруваат и да прават весели математики колку сакаат, факт е дека ова не се ниту локални, ниту парламентарни избори,  туку избори за претседател каде во првиот круг води Стево Пендаровски.

Граѓаните покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку сакаат вистински претседател. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори во 2014 година. На 5 мај граѓаните масовно, во слободна, фер и демократска атмосфера ќе ја потврдат победата и ќе изберат да продолжат заедно напред кон развој, напредок и интеграција. Граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Сиљановска да ги повлечат назад во темното минато на изолација и неизвесност, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата”, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе им го зададат и крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5 мај

Објавено пред

Граѓаните вчера ги поразија антидржавните политики на Заев и Пендаровски. Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ги поразија СДСМ, ДУИ и уште 30-ина партии што застанаа зад Пендаровски. Бранот на промени е тргнат. Македонија бара право и правдина. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Гордана Силјановска-Давкова е кандидат што обединува, носи подобра иднина и гарантира почитување на Уставот и законите.

Заев и Пендаровски изгубија и тие го знаат тоа. Доволен знак се нивните панични реакции и бледи прес-конференции како вчера така и денес. Граѓаните ќе им го зададат и крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5 мај“, порача опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во вториот круг сплотени да го нанесеме фаталниот удар за пад на власта

Објавено пред

Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата – aнтидржавните политики и криминалот вчера беа поразени, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат од оваа партија, граѓаните сплотени и без страв рекле дека сакаат право и правдина.

„Гордана Силјановска-Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши. Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-ина партии што застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски. Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт, потребна е победа во вториот круг“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека Гордана Силјановска-Давкова е вистинскиот избор за право и правда.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на обединување во вториот круг, со цел, како што велат, да се нанесе финалниот удар за пад на власта.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините....

Европа9 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201910 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет10 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201912 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија13 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201914 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201915 часа

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201915 часа

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет16 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ17 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201918 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет18 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ18 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести19 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие