Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Нудиме пет конкретни мерки за справување со енеретската и економска криза

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ во услови на тешка економска и енергетска криза нуди решенија кои треба да го спречат тонењето на стандардот на граѓаните и економскиот колапс. Бидејќи енергетската криза предизвикува тешка социјална и економска состојба во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет мерки кои директно ќе се однесуваат на суштината на проблемите, а не како мерките на владата кои се само гол маркетиншки трик без позначаен ефект, велат од опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

Пакетот од 5 конкретни мерки кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е следниот:

1. Предлагаме вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ.

2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата.

3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните.

4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.

5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .

Владата треба овие предлози да ги разгледа сериозно. Нивната досегашна политика наместо да ги решава проблемите на македонските граѓани и македонската економија, само ги продлабочуваше. Заради лошите и ненавремени мерки Македонија тоне во сиромаштија. Македонија има една од највисоките стапки на инфлација која достигна 18,7%, а цените на основните прехранбени производи поскапеа од 50 до 100%“ се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека домаќинствата и стопанството плаќаат најскапа струја споредено во земјите од регионот. Веќе почна масовно затворање на индустриски капацитети, а само за една и пол година затворени се над 12 илјади компании. Неколку илјади компании веќе имаат сериозен проблем да исплатат на време плата, што остава без сигурност илјадници други семејства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е власта предводена од Ковачевски да се вразуми и да прфати предлози што значат спасување на стандардот на граѓаните и македонската економија, порачаа од опозициската партија.

Македонија

СДСМ: На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел – дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?

Објавено пред

На лицемерството на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан анти-ЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури и мавташе со некакви изјави заверени од нотар дека пратениците од опозицијата се обврзале дека нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот. Но, Мицкоски едно прави во јавноста, а сосема друго зад затворени врати, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата бараат Мицкоски да одговори дали на странските политичари што доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: „Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?“

Јавноста заслужува да ја знае вистината, на кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел дека ќе го сменел Уставот доколку му дале власт?

Мицкоски се бори за власт и само за власт, нему не му се важни ни граѓаните ни државата.

Расте кај Мицкоски стравот и нервозата бидејќи, како што одминува времето, Апасиев му ги зема гласовите, затоа тој станува сè поекстремен, само за да не заостане зад Левицата, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски голта кнедли само поради коалициски интереси

Објавено пред

Очигледно за Ковачевски и СДС коалициските интереси се поважни од погазувањето на законите. Скандалот што излезе за положениот правосуден испит на синот на спикерот Талат Џафери покажа дека институциите во Македонија се заложници на партиските интереси на СДС и ДУИ. Да имаше правна држава, уште првиот ден ќе се спроведеше истрага и ќе беа казнети прекршителите на законот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, а институциите со денови молчат и се прават ненадлежни. Ова е директно кршење на нормите и законите во Македонија, а да биде поапсурдно, на тој начин лицето се запишало и на Академијата за судии и обвинители. Со неправо влегол во правосудниот систем и ќе дели правда?!

Скандалот излезе во јавноста и власта молчи. Прават сè да го забошотат случајот. Ова е владеењето на правото и правната држава по урнекот на Ковачевски и СДС. Ова се европските стандарди со кои им е полна устата на владините функционери. Власта на Ковачевски ќе биде казнета од народот и за овој скандал, како и за низата други во кои е длабоко заглавена. Во СДС се свесни за тоа, па сега голтаат кнедли, само и само да се задржат уште некој месец повеќе на функција за да украдат уште некој милион. Одговорност мора да има, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предизвика катастрофа во Скопје, градот нема јавен превоз

Објавено пред

Според партијата на власт, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, главниот град останува без јавен организиран автобуски превоз.

dobivaj vesti na viber

Штрајк на приватните превозници, ЈСП пред колапс, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси, тоа е епилогот на една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, велат од СДСМ.

„Јавниот превоз е во колапс, а отежнато функционираат и останатите јавни претпријатија кои се под надлежност на Градот. И наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ тера политикантство на штета на градот и граѓаните. Со својата неспособност и неодговорност, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски предизвикува нова катастрофа во Скопје“, се истакнува во соопштението од страна на владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија16 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија16 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија17 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија18 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа18 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет21 час

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет22 часа

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет22 часа

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет22 часа

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет22 часа

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет23 часа

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија23 часа

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...

Регион1 ден

Курти: Сакаме договор, но се чини дека Вучиќ и Белград не го сакаат

„Сакаме договор, одиме на дијалог. Се чини дека Белград и Вучиќ не сакаат договор“, изјави косовскиот премиер Албин Курти. Во...

Македонија2 дена

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Хероината од документарниот филм Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. „Ако ги сакате пчелите,...

Македонија2 дена

Адвокатите на осудените за убиството на Тот, најавија жалби: „Казните се драконски“

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината...

Свет2 дена

Писмо бомба експлодира во украинската амбасада во Мадрид

Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид. Станува збор за писмо бомба, а еден вработен...

Економија2 дена

Потпишан договор, продолжува испораката на греење во Чаир и Бутел

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир...

Македонија2 дена

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Министерот за правда Никола Тупанчески , одговарајќи на новинарски прашања за положениот правосуден испит на Барлет Џафери во 2015 година...