Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Советот на општината го допре дното

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го осуди вчерашниот инцидент на седницата на Совет на општина Охрид, кога советник нападна негов колега.

„Институцијата Совет го достигна дното за што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелираше и предупредуваше за неговото институционално паѓање. Тоа се случуваше изминатите две години преку низа непринципиелности, праксата на недоаѓање на седниците на Совет на предлагачите, суштински грешки во одлуките, незаконските одлуки ставајќи ги во преден план партиските интереси и ред нерегуларности. Дигнитетот на Советот е нарушен на што предупредивме дека непринципиелни предизборни договарања, компромитирачки одлуки не водат кон добро и интерес на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Од таму ги повикаа надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот.

Соопштенија

СДСМ: По повикувањето на Кичеец на распит, кулуминира нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Нервозни реакции доаѓаат од белиот дворец во моменти кога, според информации во медиумите, на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, Зоки Кичеец, велат од владејачкиот СДСМ.

„Денеска кулминира нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести, панични изјави, прес-конфернции“, се наведува во партиското соопштение во кое од СДСМ прашуваат дали нервозата во опозициската партија има врска со распитот на Зоран Милески.

Од таму додаваат дека ваквиот заклучок е уште пореален доколку се земе предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена, како што велат, јавно признал дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.

„Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Но, нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогнат на оние што ги чека соочување со правдата“, истакнуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Општина Карпош за Трнодол: Реакциите од граѓаните се потврда за нашата транспарентност

Објавено пред

Не се точни тврдењата дека се менува влезот на Трнодол, како што не беа точни ниту тврдењата дека на т.н. чатал ќе се гради нова зграда или, пак, дека каналот ќе се затвори, велат од скопската Општина Карпош.

„Токму денешната изјава на двајца од претставниците на граѓани од Трнодол е потврда за промените во начинот на носењето на детаљните урбанистички планови во Карпош.
Денеска, граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто што, за жал, не претставуваше пракса во минатото“, наведуваат општинските власти.

Од таму додаваат дека поканата за јавна презентација била објавена транспарентно, без намера нешто да се скрие.

„Затоа и посетеноста на првата јавна презентација беше голема, но, за жал, не постоеја услови и работна атмосфера за детаљно, од стручните служби, да се образложат дилемите што ги имаа засегнатите граѓани“, образложуваат од Општината.

Од таму ги охрабруваат граѓаните да дојдат и на втората јавна презентација во текот на есента, каде што стручни лица, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, повторно ќе го образложат предлог ДУП-от за Градската четврт Ј 03 Блок 7.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да излезе и да каже дали се среќавал со Груевски и со италијанскиот новинар

Објавено пред

Тајкнуните за кои се водат серија предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски, велат од владејачкиот СДСМ, од каде што додаваат дека лицата што се на снимките поврзани со „Рекет“ се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот ‘Рекет’, споменатиот Зоран Кичеец“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека медиумот во кој се објавуваат снимките има линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Од СДСМ го повикуваат лидерот на опозициската партија, наместо, како што велат, да се крие за лажни вести, да излезе пред граѓаните и да одговори дали имал тајни средби.

„Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто? Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал? Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?“, се прашањата за кои од владејачката партија очекуваат одговор од Мицкоски.

Од СДСМ исто така констатираат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија останува посветена на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Јанева со адвокат дојде на распит кај Русковска

Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески,...

Свет33 минути

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет44 минути

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон, истакна дека иднината на Русија е...

Свет49 минути

Коалициската Влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува денеска во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет59 минути

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Регион13 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет14 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион14 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа14 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ17 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ18 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија19 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија20 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија24 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ24 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија24 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија1 ден

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа1 ден

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет1 ден

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија2 дена

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Досие