Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на австрискиот вицеканцелар нека биде пример за СДСМ како се понесува одговорност

Објавено пред

Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде прават споредба со политичката ситуација во Австрија, каде владата доживеа колапс поради скандалот со објавени видео-снимки од вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе.

Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, истакнуваат од опозициската партија, потоа надоврзувајќи, според нив, и други неуспешни примери.

„Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка. Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема. Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки. Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка. Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери. Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески. Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години. Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи“, се наведува во партиското соопштение во однос на работата на владините функционери.

Според ВМРО-ДПМНЕ, потребни се итни оставки бидејќи, како што велат, државата е во хаос.

Соопштенија

СДСМ: За долгот од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска мора да има одговорност

Објавено пред

„За аферата која изби во јавноста, која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска и која покажува сомнителни односи со осомничени лица од СЈО не може да се покрие со лаги од белиот дворец. Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Сиљановска? Дали има врска со рекет во самата ВМРО -ДПМНЕ?“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата,долгот од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска претставува прекршување на изборниот законик и за тоа мора да има одговорност од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од спорните финансиски извештаи на ВМРО-ДПМНЕ со дупки од 3.5 милиони, 400 илјади евра и слични скандали, финансиските извештаи на СДСМ се кристално чисти и по сите законски норми и прописи. СДСМ нема долг. Во Финансискиот извештај за кампањата на Стево Пендаровски јасно стои дека наведената разлика е поради неплатени обврски на Државната изборна комисија кон електронски медиуми, за кои патем самата ДИК дозволила да вршат медиумско платено покривање на претседателските избори, но потоа не ги потпишала асигнациите за плаќање кон електронските медиуми.Наместо лаги, ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор на прашањата и да повика на одговорност во оваа партија на сите кои што се инволвирани во оваа афера“, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Андоновска: Уништен ли е инсулин со валиден рок, само за да се распише нов тендер?

Објавено пред

Владата и надлежните институции молчат после вчерашната прес-конференција на која јавно обзнанивме дека постојат индиции дека се уништени 1,2 тони инсулин од кои огромен дел, односно половина тон биле со валиден рок, обвини денеска Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се работи за уништување на инсулин чиј рок истекува дури после половина година и чија вредност е 1,5 милиони евра. Нивниот молк гласно потврдува дека употребливиот инсулин наместо кај пациентите завршил уништен на 5 декември пред два дена, иако вредноста според пазарните цени му изнесува 1,5 милиони евра. Ова само ги потврдува сомнежите дека здравствените власти веќе набавен и платен со народни пари инсулин, со валиден рок на употреба од светски познат производител го уништиле за да создаде основа за распишување на нов тендер“, истакна претставничката на опозициската партија.

Андоновска кажа дека за ваквиот скандал постојат и документи.

„До нас беа доставени соодветни документи без било каква назнака за доверливост, во кои се содржани сите овие информации и кои бараме Министерството за здравство да ги потврди или негира. Од документите со кои располагаме јасно се гледа дека половина тон од инсулинот кој е уништен има валиден рок до средината на наредната година. Со право се сомневаме дека ако се потврди ова уништување на инсулин вреден 1,5 милиони евра тогаш целта е создавање на вештачка криза која потоа ќе биде менаџирана со брз увоз од страна на фирма блиска до власта“, нагласи таа и додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ се сериозно загрижени дека ова е нова милионска афера повторно поврзана со работата на министерот Венко Филипче.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Зајкова: Очекуваме позитивен исход на самиот на ЕУ за ние да добиеме препорака за датум

Објавено пред

Иднината на Западен Балкан е интеграција во ЕУ, заклучија на средбата ЛДП, подмладокот на партијата ЛИДЕМ од Македонија и Нова Странка од Србија.

„На средбата дискутиравме за процесите за влез во ЕУ на двете земји, Македонија и Србија, така што сите земји од Западен Балкан припаѓаат на европското семејство бидејќои негуваат либерални и европски вредности. Патот на Македонија е дефинитивно во Европа затоа очекуваме позитивен исход за нас на самитиот кој следи. Односно нашата земја да добие препорака за отпочнување на пристапни договори за ЕУ и очекуваме ратификација на потоколот за влез на земјата во НАТО“, истакна Моника Зајкова, потпретседателката на ЛДП.

Марко Живковиќ од Нова Странка од Србија истакна дека двете партии заедно работат активно за заеднички цели, тоа е двете земји и Македонија и Србија, да бидат модерни и силни земји на кои местото им е во ЕУ, со почитување на европски вредности и поквалитетен живот на младите во овој регион.

„Србија, како и Македонија со години работи на приклучување на ЕУ, така што неколку години моменталната власт не е заинтересирана за креирање на политики за потребите за влезот во Унијата. Популистите не можат да прават реформи за ЕУ, затоа ние либералите сме тие кои може да го трасираме европскиот пат. ЛДП има поддршка од нас како партија и се надеваме на одлични резултати следните избори“, вели Живковиќ.

ЛДП и Нова странка, ќе потпишат Меморандум за меѓусебна соработка кој ќе ги опфаќа процесите кои следат.

„Оваа средба за нас беше од особено значење, затоа што Нова странка од Србија се наш долгогодишен партнер во остварување на либералните идеи со целосна интерграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ каде што припаѓаме како земји“, рече Димитар Ванчов од Либерално Демократка Младина (ЛИДЕМ).

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ14 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион14 часа

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ17 часа

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ18 часа

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија18 часа

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија20 часа

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура21 час

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Свет21 час

Оружје пронајдено кај демонстранти во Хонгконг, еден од нив имал и пиштол

Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје....

Топ22 часа

Кривична против дилер од Арачиново во чиј автомобил бил пронајден хероин

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишник од скопското село Арачиново, откако во автомобил кој го управувал бил пронајден хероин....

Македонија23 часа

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска...

Регион1 ден

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин. Според информациите...

Македонија2 дена

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија2 дена

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Македонија2 дена

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија2 дена

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија2 дена

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ2 дена

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет2 дена

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет2 дена

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Досие