Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Оштетени штедачи сведочат дека Вице Заев правел криминал во Еуростандард банка

Објавено пред

„Штедачите на Еуростандард банка потврдија дека Вице Заев преку фирмата ‘Сара инжинеринг’ зел кредит од 600.000 евра пред две години и не исплатил ниту една рата. Ова се пари на штедачите, кои сега не можат да се наплатат. Штедачите сведочат дека се работи за организиран криминал. Дури 149 фирми или 72,6 отсто од кредитното портфолио на правни лица во банката имале ултра ризични и ненаплатливи кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, дека се работи за организиран криминал кажа и сопственикот на банката, а ЈО сè уште молчи. „Се молчи за струмичката врска. 29 струмички фирми, меѓу кои и фирмата на Вице Заев зеле кредити без покритие од банката, а врз основа на не враќање се збогатиле за 13 милиони евра.
Овие 13 милиони евра се пари на граѓаните на штедачите на Еуростандард банката, кои сега не можат да се наплатат“, се додава во соопштението.

„Илјадници граѓани страдаат на сметка на неколку збогатени бизнисмени од Струмица. Нема одговорност ниту за Нина Ангеловска, која ги извади парите од банка непосредно пред да пропадне. А штедачите, кои не се министри и немаат информации за банкарската состојба, останаа без денар. Случајот Еуростандард е втор ТАТ, 200 милиони евра се раскрчмени. Оштетени се илјадници граѓани, а органите на системот молчат и не преземаат ништо, затоа што трагите водат до врвот на власта. Потребна е одговорност веднаш“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Обидите на Мицкоски да го блокира Собранието се опасни и штетни за граѓаните

Објавено пред

Очајните обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се блокира работата на Собранието во услови на сериозна светска пандемија на коронавирус е опасно, штетно, неодговорно и срамно однесување, велат од СДСМ.

„Немањето сопствен став, мерка или политика, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

Затоа бесрамно се обидуваат да блокираат носење важни закони, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застануваат спротивно од интересите на граѓаните, на стопанството, на државата.

Очигледно дека очајот и нервозата кулминираат во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна за одработувањето на Мицкоски за странски цели и интереси, па затоа поднесуваат илјадници нелогични амандмани преку кои се обидуваат да го блокираат Собранието.

Залудни се обидите на Мицкоски. Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го одби предлогот за бесплатни ковид-тестови, директно загрозувајќи животи на граѓани

Објавено пред

Однародената власт сега станува и одлепена од реалноста уште повеќе. Среде епидемија во 2021 наместо повисок буџет за здравството, тие предвидуваат помалку средства за 5% во споредба со оваа година. Ама затоа непродуктивните трошоци, за мебел, за возила, шкампи, бурбони, торти, шампањи остануваат екстремно високи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури Филипче и Заев кројат расипнички буџет, секој ден заболуваат илјадници граѓани, а десетици умираат од коронавирусот, а тие абер немаат нешто да преземат. Само во последното деноноќие починаа 29, а се заразија нови 1.069 лица.
Повторно црни биланси кои ја прават Македонија една од земјите рекордери во светот по смртност на милион жители, бидејќи досега изгубивме 1.792 сограѓани во епидемијата. А на власта око не ѝ трепнува нешто да промени и да спречи ваков геноцид.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани на буџетот за 2021 со кои ќе се обезбедат средства за бесплатно тестирање на граѓаните и дополнителна набавка на 50 амбулантни возила за цела Македонија. Недозволиво е функционерите да може експресно и бесплатно да се тестираат и лекуваат, а народот да чека до денови тестирање, а со часови брза помош.

Но, за жал, оваа одлепена власт го одби овој конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа велиме дека оваа неспособна власт е подеднаква опасност како и коронавирусот. Нивната неодговорност чини здравје и животи на граѓани“, наведува партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот на Собранието

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со деструктивниот Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и во услови на сериозна криза со пандемијата предизвикана од коронавирусот се обидува да ја блокира работата на Собранието. Со поднесување голем број нелогични амандмани на предложените измени на Деловникот за работа на Собранието, кои треба да овозможат пратениците, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во изолација да можат да учествуваат во работата на собраниските тела на далечина, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето неодговорно лице“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во време на сериозни предизвици од коронавирусот, на граѓаните им се потребни функционални институции, кои ќе работат со полн капацитет, функционално собрание кое ќе носи мерки за ублажување на ударот од пандемијата.

„Граѓаните го препознаваат и ќе го казнат користењето на ситуации со заразени или пратеници во изолација за остварување на теснопартиски интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет3 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт4 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија4 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија6 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија8 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет9 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија10 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија10 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија11 час

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија11 час

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија11 час

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет12 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион12 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет12 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион12 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија13 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет14 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет15 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Досие