Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминална влада

Објавено пред

Криминалната влада на Димитар Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат, за неколку директорски места во јавната администрација, да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на собраниската седница за избор на нова влада.

„ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себеси во Владата на Ковачевски, ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита. Трите партии да се одважат и доколку се против криминалот и корупцијата да гласаат против Владата на пиунот Ковачевски“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните, затоа Ковачевски бега од избори

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба помеѓу граѓаните, затоа администраторот на владата водена од ДУИ, Ковачевски, бега од избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ води со 22.5% пред СДСМ со 17.9%. Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ константно расте, додека за СДСМ паѓа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните споредено со сите политичари во Македонија.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски ја ужива довербата на 17.7% од граѓаните, наспроти Димитар Ковачевски кој го поддржуваат само 5.5%.

Ковачевски ги знае анкетите и тенденциите на јавноста, дека поддршката за СДСМ е во константен пад и затоа бега од избори.

Ковачевски нема легитимитет, а нема ниту СДСМ, затоа треба да има нови предвремени парламентарни избори час поскоро.

ВМРО-ДПМНЕ во таа насока идната недела ќе предложи до собранието измени на Изборниот законик, што ќе значи укинување на техничката влада пред избори, со цел да се скратат роковите и да можеме да одиме што побргу на избори, од 45 до 60 дена како што е уставно пропишано. Воедно ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара и за барањето за една изборна единица“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Со конструкции за „Градски Паркинг“ не може да се сокрие неспособноста на Арсовска

Објавено пред

Со конструкции за ЈП Градски Паркинг не може да се сокрие неспособноста на Арсовска, таа не знае да менаџира со парите на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ создава конструкции околу ЈП Градски Паркинг во обид да ја сокрие неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска нешто да сработи за граѓаните. Додека Град Скопје обезбедува финансиска поддршка од пет милиони денари или над 80.000 евра за ЈП Градски Паркинг, Арсовска ги намалува цените за паркирање кои се главен извор на приход на ова Јавно градско претпријатие.

Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не знае да менаџира со парите на граѓаните. Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат пари од владата, а општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партизација на администрацијата.

Граѓаните и општините не заслужуваат градоначалници кои работат исклучиво за лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пристапот на СДСМ и заевизмот во енергетиката носи кризи и скапо ги чини граѓаните

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од владејачкиот СДСМ да го смени досегашниот пристап во енергетиката оти, како што велат, народот тоа скапо го плаќа.

„Ако тоа е штитење на стандардот на граѓаните, тогаш е јасно зошто сиромаштијата во Македонија забрзано расте. Поради нивниот несериозен и неодговорен пристап, поскапеа електричната енергија и парното за 15 %. Поради кадрите и енергетските политики на заевизмот, Македонија е во енергетска и топлинска криза, која граѓаните ја плаќаат двапати, еднаш преку тешки милиони од народни буџетски пари, а вторпат преку поскапи сметки за секое домаќинство.

Кадрите на заевизмот дозволија да се увезува скапа струја, да се краде од европскиот систем, само поради тоа што не произведуваа домашна струја, која е 3-4 пати поевтина од увозната, а не произведуваа затоа што акумулациите беа испразнети и немаше ископ на јаглен.

Кадрите на заевизмот дозволија криза со парното затоа што навреме не договараа увоз на гас, како што тоа го правеа одговорните лидери од другите европски земји.

Ете тоа се погубните резултати од досегашниот пристап на СДСМ и заевизмот во енергетиката. Тие, како што призна и нивниот потпретседател, секогаш се водат од личниот и од партискиот интерес наместо од интересот на државата и граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија11 час

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион14 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија14 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија15 часа

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија17 часа

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет17 часа

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија18 часа

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет18 часа

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија19 часа

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија1 ден

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија1 ден

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија2 дена

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион2 дена

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет2 дена

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија2 дена

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ2 дена

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија2 дена

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Досие