Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари на Заев

Објавено пред

„СДСМ преку партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев ја контролира РКЕ. Бислимовски и Орцев не работат за интересите на народот, туку за интересите на партијата. Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, народот плаќа поскапа струја за да може струмичка агенција за обезбедување да испумпува десетици милиони евра од универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблички да вртат во РЕК, а финансиерите на СДСМ да добиваат тендери за ископ на јаглен од 6,4 милиони евра.

„Енергетските компании во државна сопственост се користат за грабеж на народот, преку нив се исполнуваат десетици милиони евра на приватни сметки. Додека Заев полни џеб, народот нема ни за леб. СДСМ ја тоне Македонија. Иако целиот народ е против покачувањето на струјата, СДСМ не ја менува одлуката затоа што поважен им е профитот отколку народот. Заев и СДСМ не се решение за проблемот, тие се проблемот. Криминалот, мафијата и Владата, кои се едно исто во Македонија, мора да паднат“, се додава во соопштението.

Соопштенија

Македонски концепт: Mицкоски и Каракачанов во обид да го замолчат Богојески

Објавено пред

Акцијата на Христијан Мицкоски и Каракачанов против Петар Богојески и Македонски концепт, со цел негово замолчување и укинување на платформата Македонски концепт, засилено продолжува, велат од оваа партија.

„Иванка Додовска, силен поддржувач на политиките на Мицкоски, ги користи добро познатите методи на замолчување често применувани од нејзината партија кон Петар Богојески. Против Богојески ќе биде поднесена тужба за клевета за изнесените ставови во дебатна ТВ-емисија доколку јавно не се извини за тоа. Во исто време еден од гласноговорниците на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Перев, ја води акцијата на Христијан Мицкоски против Богојески преку објавување невистини и нарачани текстови во бугарските медиуми“, стои во партиското соопштение.

Богојески и Македонски концепт ова го толкуваат како класичен оркестриран напад и обид за замолчување и затскривање на вистината.

„Господинот Мицкоски нема трошка демократија и капацитет во него јавно да се соочи со неговите опоненти. Структурите на ДПМНЕ, кои со години ја уништуваат Македонија, сега го напаѓаат Богојески. Каква е оваа демократија во која живееме? Дали ова значи дека Мицкоски и од опозиција ги замолчува граѓаните? Што ќе се случи во земјата доколку истите тие еден ден дојдат на власт?“, се дел од прашањата што ги упатуваат од Македонски концепт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Гласањето против одлуките за прогласување вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните

Објавено пред

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците од нивните редови ќе гласаат против потврдувањето на одлуките за прогласување вонредна состојба, само ги потврдуваат деструктивноста и неодговорноста на оваа партија, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од неодговорниот Христијан Мицкоски се води единствено од евтин политички популизам и воопшто не се грижи за интересите на граѓаните и државата. Вонредната состојба беше прогласена исклучиво во интерес на граѓаните. Таа беше неопходна за брзо дејствување на Владата и институциите за поефикасна борба против коронавирусот и заштита на јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Во време на распуштено Собрание и преодна влада со мандат за спроведување избори, велат од СДСМ, вонредната состојба на извршната власт ѝ овозможи создавање закони за поголема ефикасност во носење мерки и политики за справување со последиците од Ковид-19 и заштита на здравјето на граѓаните.

„Гласањето против одлуките за прогласување вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните, против институциите. ВМРО-ДПМНЕ предводенa од Мицкоски останува посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување. За тоа се казнети од граѓаните и затоа остануваат уште долго во опозиција“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Обезбедени се 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци

Објавено пред

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци, соопштија од владејачката партија.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економската криза предизвиканата од пандемијата на коронавурисот. Со четвртиот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари за поддршка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да може да се сместат во студентските и ученичките домови“, се вели во соопштението.

Поради намалениот капацитет во домовите, додаваат од СДСМ, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не може да бидат сместени, ќе имаат можност да изберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или, пак, да изберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Истовремено, велат од СДСМ, платежни картички „купувам домашно“ од 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Македонија2 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион2 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет2 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет3 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија4 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ5 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион5 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ7 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија8 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија9 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија22 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Досие