Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Полошо од здравствената криза е епидемијата од корупција и неспособност

Објавено пред

„Македонија со Заев е земја во која власта се богати, а народот ја плаќа нивната криминогеност со здравје и живот. Македонија со над 13 илјади заболени и над 500 починати од епидемијата на коронавирусот е црна точка во Европа и црн рекордер во регионот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, полошо од здравствената криза е епидемијата од корупција и неспособност наречена Зоран Заев.

„Додека се богати неговиот картел, економијата и државата тонат. Поради нивното неодговорно работење, народот ќе плаќа 7,5 % повисока цена на струјата. Македонија е единствена земја во регионот каде што поскапува овој енергент. Истовремено, компании од енергетскиот сектор, кои пријавуваат понизок профит, плаќаат милионски суми на струмички фирми. Македонија е исто така единствена земја на која ѝ пропадна банка, скандал тежок над 150 милиони евра, ама затоа министерката за финансии, Нина Ангеловска, успеала да го извлече својот депозит од 250 илјади евра од истата таа банка. За жал, додека Нина Ангеловска и неколку фирми блиски до власта на Заев успеале 90 илјади граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Дополнително, оваа расипничка власт на Заев ја задолжи Македонија со 1 милијарда нов долг за само три месеци, со што секое просечно семејство го задолжи со нови 2.000 евра. Притоа не успеа да направи ништо што ќе ја спаси економијата или ќе го заштити стандардот на граѓаните. Нема капитални инвестиции, ама затоа сите пари отидоа на предизборен поткуп. Експертите предупредуваат дека од есен државата ќе нема пари да ги сервисира основните обврски и ќе мора пак да се задолжува за да се покријат криминогеноста и неспособноста на картелот на власт“, се додава во соопштението.

Економија

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто

Објавено пред

Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, велат од СДСМ преку соопштение, повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика.

Од владејачката партија коментираат дека до тоа довеле политиките кои се во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ, при што и во време на пандемија дошло до раст на просечната плата во Северна Македонија.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година. Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари“, велат од СДСМ.

Додаваат дека нивните заложби за иновативна и конкурентна економија го поттикнале трендот на раст на платите.

Партијата најави дека во четиригодишниот мандат минималната плата ќе дистигне 20.000 денари, а просечната 34.000 денари.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Откога Мицкоски трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет

Објавено пред

Оваа ВМРО-ДПМНЕ на чело со извршителот Мицкоски е столб на криминалот и режимот на Никола Груевски и Орце Камчев, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Откога Христијан Мицкоски и трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет во обид да го зачува на позицијата и да му ја спаси фотелјата во белиот дворец. Секоја демократска партија е нормално да одржи конгрес по избори, само Мицкоски се плаши од сопствените членови, како и од граѓаните. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски нема капацитет да се реформира“, велат од СДСМ.

Последен доказ за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се таканаречените големи промени во раководството на оваа партија во кое се наоѓаат стари, потрошени кадри, послушници и извршители на Никола Груевски.

„Како нови лица Мицкоски ги нуди Антонио Милошоски против кого се водат предмети и човек што се криеше од судски доставувачи; Рашела Мизрахи, која од позиција на министерка ги кршеше Уставот и законите; Гордана Димитриевска-Кочовска, која блокира средства од Светската банка за помош на здравството; Марија Андоновска за која целата јавност слушна како Гордана Јанкулоска лобирала да се вработи во Фондот за здравствено осигурување. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не е мрдната ниту милиметар од деструктивната, антидржавна и антинародна матрица. Граѓаните тоа го гледаат и затоа губат на три изборни циклуси и затоа уште долго ќе бидат опозиција“, велат од СДСМ.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Новиот состав ќе го сочинуваат: Александар Николовски, Владимир Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриеска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Oткако е Филипче министер загрозени се безбедноста и животот на лекарите

Објавено пред

Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари и е загрозен нивниот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат и дека нападите врз лекарите се почести од кога и да е порано.

„Филипче на протестот на лекарите и медицинските работници под мотото ‘Стоп за насилство врз здравствени работници’, на кој и самиот лицемерно присуствуваше, вети дека ќе обезбеди физичко обезбедување на болниците и дека нема да дозволи нови лекарски жртви, но Филипче излажа“, се наведува во партиското соопштение во кое се потсетува дека било ветено 24-часовно обезбедување на болниците и видеонадзор со цел да нема напади врз лекарите.

Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат оти не е реализирано ниту ветувањето дека нападот врз лекар и медицинско лице ќе се изедначи со напад врз службено лице, и ќе влезе во закон како најригорозно регулирано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија2 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија2 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет4 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија7 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија9 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија9 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет10 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа12 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт12 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија12 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија12 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет13 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија13 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија14 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија15 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија24 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие