Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Првин имунизација на населението, а потоа попис

Објавено пред

Со 30% од тестираните заразени и смртност броена во десетици на ден власта прави попис и оди кон хаос свесно ставајќи го животот на целата нација во опасност, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Само во текот на вчерашниот ден бројот на заразени изнесуваше 30% од бројот на тестирани, така е секој ден, процентот во изминатите неколку дена не паднал под 20%, и во таква една ситуација власта сака да турка попис. 5.500 попишувачи ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални“, велат од партијата.

Ако Зоран Заев е спремен и по цена на стотици и илјадници изгубени животи да оди на попис, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не е.

„Не вреди да се става животот на нашите најмили на коцка. Заев е 4 години на власт и можеше да организира попис. Попис може да се организира и на есен, но животите коишто ќе се изгубат не може да се вратат. Првин имунизација на населението, а потоа попис“, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски за тендери е гласен, за струја од хидроцентралите молчи

Објавено пред

Христијан Мицкоски со денови е гласен за одредени тендери, за фабрикувани лаги и конструирани случаи, но никаде го нема кога треба да се зборува за струјата од неговите хидроцентрали, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали, тоа е факт што никој не може да го побие, тоа го потврдуваат и официјални документи од институции. Денес, самиот тој тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии.

Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да им ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните? Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза.

Или провизии се дел од причината зошто се молчи?

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме 36 отсто

Објавено пред

СДСМ за само пет години ги зголеми платите на вработените во основното и во средното образование 36 проценти. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи платите на наставниците за 4 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека од 2017 година платите во основното и средното образование се поголеми за повеќе од една третина. Само со последното покачување, од септември годинава, околу 32.500 вработени во основното и средното образование добиваат плата повисока за 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од речиси 3.000 денари од вработен.

СДСМ и во време на кризи, здравствена, економска, енергетска, вистински се грижи за учениците, наставниците и за образовниот систем, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕСМ: Продолжуваат активностите за ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“

Објавено пред

Во РЕК „Битола“ во полн ек е ремонтот на Блокот 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.

dobivaj vesti na viber

Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК „Битола“ годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-ина дена наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките, кои по техничко-технолошкото освежување, треба да обезбедат стабилност на производството.

Ремонтот на Блокот 1 на РЕК „Битола“ предвидено е да заврши до 15 октомври по што ќе следуваат исти активности и на Блокот 2. Во меѓувреме, се очекува да пристигне трансформаторот за Блокот 3 по што РЕК „Битола“ би продолжил со работа со полн капацитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа8 часа

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија9 часа

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...

Европа11 час

Поранешен шеф на ЦИА: Западот треба сериозно да ги сфати заканите на Путин

Поранешниот шеф на ЦИА во Москва, Ролф Ловат-Ларсен, зборуваше за „CBS“ за нуклеарните закани на рускиот претседател Владимир Путин. Ловат-Ларсен...

Европа13 часа

(Видео) Станбена зграда се урна во Турција по експлозија на гас

Станбена зграда во Турција се урна по експлозија предизвикана од истекување гас, јавија турските медиуми. „Си-ен-ен Турк“ објави дека експлозијата...

Европа13 часа

Германија: Сè повеќе граѓани се со финансиски проблеми

Сè повеќе германски граѓани се соочуваат со големи финансиски тешкотии, а цените на енергентите и на прехранбените производи би можеле...

Топ15 часа

Деветмина повредени во сообраќајна несреќа на „Словенечка“

Девет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Словенија во Скопје. Несреќата се случила меѓу...

Топ17 часа

Вработен во „Пошта“ уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К. Л. (59) од Скопје поради постоење основи на сомнение...

Свет18 часа

Антонов: Новата воена помош од САД за Украина го зголемува ризикот од воен конфликт меѓу Русија и Западот

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека одлуката на Вашингтон да испрати поголема воена помош за Украина ги загрозува...

Свет18 часа

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Иран, најмалку 276 повредени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и...

Свет18 часа

Продолжуваат ударите на руските сили – погодени повеќе од 27 населени места во Украина

Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово соопшти дека руските сили во изминатите 24 часа извршиле девет ракетни напади, шест...

Европа18 часа

ЕУ воведува ограничување на цената на нафтата во новите пакет-санкции против Русија

ЕУ се согласи да воведе ограничување на цената на нафтата во новиот план за санкции за Русија, но последните детали...

Европа19 часа

Австрискиот ловец на плагијати најде нова жртва – министерот за внатрешни работи

Ловецот на плагијати, Штефан Вебер, најде нова жртва, австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, за кого тврди дека го...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија1 ден

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет1 ден

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет1 ден

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија1 ден

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа1 ден

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...