Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Речиси половина мандат на СДСМ им помина во задолжувања, во вторник се планира ново

Зоран Заев и СДСМ продолжуваат со своето расипничко и недомаќинско владеење. Зоран Заев и СДСМ продолжуваат економски да ја пустошат Македонија, а општиот грабеж да го покриваат со капитулантски договори кои значат менување на името, историјата, традицијата и културата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата на СДСМ во изминативе 3 месеци, односно во вториот квартал, повторно го зголеми јавниот и државниот долг. СДСМ јавниот долг за само 3 месеци го зголеми за 54 милиони евра или поточно за 580.645 евра дневно, додека државниот долг се зголеми за 29 милиони евра или 311.827 евра дневно.
СДСМ и Зоран Заев не планираат да застанат со погубното задолжување. Во вторник се планира ново задолжување на граѓаните на Република Македонија за нови 32.5 милиони евра. Ова што го прави СДСМ е национална катастрофа. Речиси пола мандат им помина во задолжувања а немаат реализирано ниту еден проект што ќе им донесе бенефит на граѓаните.
Економијата доживува колапс. БДП е само 0,1% и е најнизок раст во регионот и во Европа. Градежништвото е во ужасна состојба додека стопанството одамна е во клиничка смрт. Земјоделците мака мачат да ги продадат своите производи, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Јавноста не виде ниту еден километар од најавените 600 за автопатишта, а нема ниту нови болници и амбуланти. Нема ниту повисоки субвенции за земјоделците. Пензионерите се излажани за повисоки пензии, а ја нема ниту најавената просечна плата од 500 евра. СДСМ безмилосно ги лажеше граѓаните и не остварија ништо од она што го ветуваа пред изборите.
Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Драган Тевдовски и останатите откако седнаа во фотелјите направија пустош. Си делат тендери, сомнителни бизниси и грантови на фирми блиски до нивните семејства и на партиските донатори. Ништо друго не ги интересира освен својот џеб. Ова однесување мора да престане!
ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со која што државниот и јавниот долг би отишле над 50% од БДП.
Правната држава и правосудството еден ден ќе се вратат на вистинскиот пат. Сите оние кои во овој момент работат сомнително ќе одговараат пред лицето на правдата. Македонија и граѓаните на крајот ќе победат!“ се наведува во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки

Владата на СДСМ и Заев ја доведоа економијата во Република Македонија пред целосен колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ во кое се наведува дека растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум години.
Од опозициската партија ваквите информации од СДСМ ги оценуваат како обид да се дефокусира јавноста со лажни соопштенија.
„Економијата стагнира, цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. За прв пат државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%“, се вели во партиската реакција.
Во неа се додава дека индексот на трошоците за живот во 2018, наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% .
„Ова покажува дека СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат кај криминалниот картел на власт. СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Криминалот, корупцијата, насилството, сиромаштијата и бедата се вистинската слика која што ја донесе СДСМ и Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека време е од владејачката партија да ги извадат розевите очила и да ја видат правата слика.
Соопштенија
СДСМ: Растот на индустриското производство во 2018 е најголем во последните седум години

Растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум години, велат од владејачката партија, нагласувајќи дека успешните економски политики на Владата продолжуваат да даваат реални резултати.
Од таму додаваат дека индустриското производство во 2018 бележи раст од 5,4 отсто.
„По години уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, денес со придвижувањето во процесот на интеграциите, местото во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец. Покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата, извозот, како и бројот на работници во индустријата“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на претстојните избори ќе му покажат жолт картон на СДСМ

Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму сметаат дека веќе две години како СДСМ е на власт правната држава е дерогирана, па повикуваат СДСМ да си замине, за владеењето на правото да биде повторно воспоставено.
„Криминалните тендери, роднинските врски со високи партиски функционери како услов за вработување во државната администрација, криминалот по улиците, руинираното здравство и образование не смее да продолжат да бидат наше секојдневие“, посочуваат од партијата и додаваат дека Заев откако ја завил во црнила државата, побегнал од предвремени парламентарни избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат дека граѓаните треба масовно да излезат и да гласаат на претстојните претседателски избори, за му дадат, како што велат, жолт картон на СДСМ и да му го покажат местото на буништето на историјата, каде што од партијата сметаат дека нивните ривали ќе завршат на следните парламентарни избори.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал