Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Само Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името, народот е разочаран

Објавено пред

Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името на државата и идентитетот, македонскиот народ е разочаран поради губењето на името, идентитетот, историјата и културата, а СДСМ на чело со аболираниот Заев слави и се гордее дека ги продал државните и национални интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„СДСМ и Заев спротивно на јасно искажаната волја на македонскиот народ на референдумот тргнаа насилнички да го спроведуваат капитулантскиот договор од Преспа.

Иако не добија мандат од граѓаните за овој срамен чин, тие сепак по пат на закани и уцени се пазареа со националните и државните интереси и ги променија уставното име и идентитетот на Република Македонија.

Заев викаше дека не постои човек што ќе се дрзне да го менува името и дека промената на името е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Се колнеше во своите татко и дедо, како и сопствените деца, но кога дојде на власт, прва и единствена работа на која беше фокусиран беше како да го промени името и како да ја зацрни државата.
СДСМ и Заев покажаа дека немаат никаква врска со европските вредности.

Корупцијата го достигнува својот зенит, економијата тоне, граѓаните стануваат сè посиромашни, а функционерите од власта и нивните семејства стануваат сè побогати. Граѓаните се свесни дека ова беше власт за една намена и токму затоа нема да дозволат повеќе државата да назадува“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека токму поради овие причини потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

Соопштенија

СДСМ: Отвораме нови можности за лекарите кои во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа понижувани

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е конфузна, прво тврдат дека нема доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места за млади лекари кои решиле да останат во државата. Ова го велат од СДСМ како реакција на изјавата на Маја Славева која денеска обвини дека Филипче го интересира само што е можно подобро да се згрижат роднините на партиските функционери.

Од владејачката партија прашуваат што има ВМРО-ДПМНЕ против тоа да се вработуваат млади лекари во јавното здравство. Исто така, појаснуваат дека процесот, за кој обвинуваат од опозициската партија, е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури.

„За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнци, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство“, стои во партиската реакција.

Во неа се додава и дека значајно се зголемени платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал, а, како што се вели, зголемувањата на платите продолжуват и оваа година.

Прикажи повеќе...

СЈО

(Видео) Стоилковски: На што се подготвени Заев и Десковска за да избегнат комисија која ќе го испитува работењето на СЈО

Објавено пред

Трите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата и правната држава во Република Македонија. Почитувањето на меѓународното право, почитувањето на основните човекови права и принципот за независно и професионално јавно обвинителство, треба да ја вратат довербата на граѓаните во системот и да бидат сигурни дека органите на прогонот нема да бидат продолжена рака на извршната власт, туку пред се ќе ги штитат интересите на државата и на граѓаните, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.  

„Jавноста мора да знае кој од трите принципи власта е подготвена да жртвува? Кои од бараните принципи врз кои треба да се изгради новиот закон за јавно обвинителство, Зоран Заев и Рената Треневска Десковска сакаат да отстапат? Дали е тоа принципот за следење на меѓународното право и имплементација на меѓународните препораки, дали е помалку важен за Заев и Треневска Десковска принципот на почитување на основните човекови права кои ќе доведат до Јавно обвинителство кое ќе ги следи меѓународниот суд за човекови права, или Заев и Треневска Десковска сакаат да тргуваат со принципот за независно непартиско отчетно и транспарентно јавно обвинителство кое што ќе ги штити интересите на граѓаните наместо интересите на власта?

Што се’ се волни да прескокнат од меѓународните препораки во законскиот текст, за Зоран Заев и Рената Треневска Десковска да избегаат од комисија која ќе го испитува работењето на овој тим на СЈО? Што се’ треба да биде жртва на желбата на Заев и Треневска Десковска за да го избегнат Јавно обвинителство кое што нема да работи под стеги и прислушувања? Заев и Треневска Десковска посакуваат Јавно обвинителство кое што со месеци ќе молчи за трговијата со правото и правдата, за поткуп во изборни цели, посакуваат обвинителство кое ќе им служи за политички прогон и заштита на криминал на власта.

Залудни се обидите за притисок врз опозицијата и таа да се претстави како кочничар на наводни реформи. Ваков законски текст каков што е доставен е антиреформа, со оглед на тоа што не содржи огромна низа на релевантни препораки кои што ќе доведат до право и правда, до правна држава, до Јавно обвинителство во име на граѓаните, до Јавно обвинителство кое нема да се плаши да ги истражи криминалите на власта, а тоа се и основните принципи за постоење на Јавно обвинителство. Барањето амандмани во оваа фаза, е токму тоа, обид за трговија со основните принципи. Демократијата точно определува кога и каде се поднесуваат амандмани, тоа се прави во Собранието, во собраниска процедура, а не во министерствата во владата.

Почитувани, европската иднина не зависи од брзината на носење на закони, туку од нивниот квалитет и практикување. Доколку не се почитуваат основните принципи, Македонија повторно ќе има нефункционално јавно обвинителски систем. Консензус не значи земи или остави во 5 минути, не значи поддршка на неквалитетни решенија“ порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Патриоти добија максимални казни затвор, а борци на ИСИС три пати пониски казни

Објавено пред

Република Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал, политички прогон и неправди. За да ги покрие своите криминали, но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичкиот прогон во земјава стана секојдневие. Тие кои први го кренаа гласот против продажбата на државните интереси и погубните политики на Зоран Заев станаа и први жртви на заевизмот.

Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот е ослободен за поткуп, иако цела јавност виде како бара мито од 200.000 евра. Патриоти кои цел живот го посветиле за безбедноста на државата добиваат максимални казни затвор, а борци на ИСИС кои масакрирале луѓе добиваат три пати пониски казни.

Додека власта со политички прогон си ги брани сопствените криминали, државата секојдневно тоне на секое можно поле.
Економијата ни е закована на дното, а БДП е со најнизок раст во Европа и регионот. Наместо да расте економијата, растат сиромаштијата, даноците и корупцијата.

Нема 500 евра просечна плата, нема повисоки плати за лекарите и професорите, нема повисоки пензии, нема ни подобар стандард за младите, но затоа има вработувања за блиските и фризерките на функционерите од власта.

Власта ветуваше иднина за младите, но во реалноста го забрза иселувањето. Над 140.000 млади живеат под прагот на сиромаштијата и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.

Ветуваа подобро здравство, а донесоа здравство во кое умираат луѓе и се местат матни тендери. Нема пари, за пензионерите, но има за луксузите на власта.

Власта која викаше дека ќе ни го зацврсти идентитетот, всушност го смени името на државата и ги присили сите институции и столбови на државноста да го променат името и да го изгубат својот институционален идентитет.
СДСМ и Заев донесоа само неправди, криминал и нечесност на секој чекор, а тоа не носи иднина за граѓаните и државата. Токму затоа граѓаните ќе се спротивстават на заевизмот и ќе се изборат за правда, владеење на правото и подобра иднина за себе и идните генерации и за Република Македонија“ наведува партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Домашни и грчки експерти договорија учебниците да се усогласат во духот на Преспанскиот договор

На вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет оформен согласно Преспанскиот договор, македонската и грчката делегација на експерти за историски, археолошки...

Европа7 часа

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ9 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ9 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија10 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ11 час

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет13 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет13 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет14 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет15 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет15 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет1 ден

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија2 дена

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија2 дена

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20192 дена

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ2 дена

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион2 дена

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион2 дена

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Досие