Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не меша баби и жаби и да каже зошто Македонија е црна дупка и нема вакцини

Февруари дојде, а вакцини сè уште нема. Целиот регион масовно се вакцинира, а во светски рамки бројот на вакцинирани го помина бројот на заболени, само во Македонија абер нема од вакцини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И наместо Филипче да каже што правеше досега и зошто не набави вакцини, прави муабет за ланскиот снег. Филипче директно го загрозува јавното здравје со секој поминат ден без вакцини. Македонија оди кон 3.000 жртви од Ковид-19, луѓе од кои некои можеби ќе биле живи доколку вакцината во Македонија дојдеше како и во сите нормални држави. 6 месеци поминаа, што е доволно долг период да се договори вакцина, но дали наместо договарање вакцина, Филипче договараше аванта?!“, се наведува во соопштението.
Од опозициската партија бараат Филипче да каже до кога граѓаните ќе бидат жртви на лошиот менаџмент во здравството. „До кога луѓе ќе ни паѓаат на улици на само 50 метри од болниците, а ќе чекаат брза помош 30 минути?! До кога инфузии ќе се примаат во двор на болница?! До кога живи пациенти ќе лежат до починати?! До кога ќе ги прави граѓаните дека ништо не разбираат?!“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја доведе Македонија во подредена положба со Бугарија

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Македонија трпи закани, а Заев не е способен да го спроведува Уставот и да го заштити територијалниот интегритет и суверентитет на Македонија, реагираат од оваа партија.
„Зоран Заев и СДСМ ја доведоа Македонија во подредена и понижувачка состојба со Бугарија. Заканите за интервенции на бугарски разузнавачки служби на територијата на Македонија од страна на Румен Радев се директна вина и одат на контото на Зоран Заев, кој ја понижи државата и ја клекна на колена“, истакнуваат од опозициската партија.
Според нив, владеењето на Заев, како што велат, сериозно го поткопува принципот на суверенитет гарантиран со меѓународното право.
„Владата треба најитно да го осуди однесувањето на Радев, Захариева и другите бугарски политичари, кои се закануваат врз интегритетот на државата. Владата треба веднаш да ги извести сите меѓународните претставници во Македонија, ЕУ и НАТО за однесувањето на Радев, во спротивно Заев ќе биде директно виновен за поткопувањето на суверенитетот на државата и ќе сноси одговорност во иднина“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Мицкоски: Оваа Влада не е способна да организира попис

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, новиот бран на коронавирусот и неспособната Влада, како што ја нарекува, се гаранција дека или ќе биде одложен пописот на резидентното население или ќе биде уште еден неуспешен обид на Владата.
„Оваа Влада не е способна прегорена улична светилка да смени, а не да организира сложена статистичка операција – попис. Уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, првин падна системот, слично како и училишниот онлајн-систем, а потоа во него можеше да се попише кој било со лажни и измислени податоци“, реагира Мицкоски преку статус на социјалните мрежи.
Оваа Влада не е способна прегорена улична сијалица да смени, а не пак да организира сложена статистичка операција попис….
Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 02 март 2021
„Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин што живее во Македонија, а тоа докажува дека Владата и Заев, како и за сѐ друго, не се способни да спроведат каков било процес. Не би ме зачудило ако на крајот се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно пред очи имаме уште еден циркуз“, пишува Мицкоски.
Додава дека пописот во Македонија е закажан да почне на 1 април.
Но, она што се случува со евидентирањето на дијаспората е електронскиот метод, кој, како што вели, е методологија што ја има предложено неговата партија.
„Мојот повик за евидентирање на дијаспората се однесува на регистрирање на државјанствата и тие не влегуваат во резидентното население. Оттука, треба да престанат сите спинови, подметнувања и манипулации на Владата. До почетокот на пописот во Македонија, 1 април, има можност, а ние ќе поднесеме закон за поништување на пописот. Овој закон што ќе го поднесеме, покрај потписите на пратениците поднесувачи, ќе го има кредибилитетот и на над 100 илјади граѓани што се потпишаа со име и презиме за запирање на пописот“, стои во писмената реакција од Мицкоски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бегa

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега и помагал да се реализира планот меѓу Заев и Мијалков, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Мијалков, кој бил помаган од власта, на крајот со црн владин ‘пасат’ стигнал до ЈО, од каде што правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден. Во режијата на Заев за Мијалков учествувало и ЈО, кое дозволило Мијалков 40 минути по пријавувањето, наместо да оди во куќен притвор, да парадира пред камерите и да го пере Заев“, стои во партиското соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, поради ваквиот скандал, или Русковска треба да си даде оставка или Маричиќ да си оди.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер