Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да ги злоупотребува евро-атлантските институции за да го оправда договорот со Грција

Објавено пред

СДСМ предреферендумски ги манипулира граѓаните исто како што ги излажа пред изборите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите.

Од партијата велат дека билбордите во државата кои ветуваат бесплатно здравство кога ќе влеземе во ЕУ се лага.

„Во ЕУ здравството не е бесплатно, ЕУ не е комунистичка творевина, туку економски сојуз на држави каде што сè си има своја цена. СДСМ лаже и ја злоупотребува ЕУ, го погани нејзиното име за да ја оправда срамната капитулација што ја потпиша. Владата на Заев ја понижи Република Македонија и ги урна преговарачките позиции што беа градени со години од сите влади од независноста до денес. Погазени се и меѓународното право и хашката пресуда во корист на Република Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во партиското соопштение, е за влез во ЕУ и НАТО, но не и за договорот со Грција, кој, како што велат, не може да го прифатат.

„Овој договор предизвикува само обврски и ѝ прави штета на Република Македонија и затоа ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати. Прашањето за промена на името не е прашање што може да го реши кој било политичар, тоа е прашање за кое може да одлучи единствено народот, токму затоа на слободната волја на народот е како тој ќе се постави во однос на ова прашање“, додаваат од партијата во соопштението.

Соопштенија

СДСМ:Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречат повисоки плати за над 53 000 вработени?

Објавено пред

Од

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против тоа вработените во здравството, образованието и социјалната заштита да добиваат повисоки плати. Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречи растот на платите во клучните сектори?Над 53 илјади вработени во здравството, образованието и детските градинки добиваат покачување на платите за 5 отсто и тоа почнувајќи од септемвриската плата. Таквото покачување, освен што носи повеќе пари во над 53 илјади семејства, дополнително ќе влијае и на спиралата на раст на платите, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, унапредувањето на јавното здравство, социјалната заштита и образованието се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, затоа што токму тие се темелите на општеството. Влогот во човечки капитал е влог за квалитетни и задоволни наставници, поквалитетно образование, како и квалитетни и задоволни доктори во јавното здравство.

,,Трендот на растот на платите ќе продолжи во годините кои следат, а со влезот во Европската унија и НАТО, растот на платите ќе добие забрзано темпо.Позитивен пример за тоа даваат искуствата на Бугарија каде што по влезот во ЕУ просечната плата пораснала двојно, како и искуството на Романија каде што просечната плата по влезот во ЕУ пораснала четирикратно.Бидејќи како држава се стремиме за ЕУ и НАТО интеграции и подигање на стандардот на платите, засилено се работи на создавање на еден нов систем на плати со кои вработените ќе добиваат достоинствено зголемување , како одговор на достоинствените и благородни професии кои ги извршуваат”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Над 19.000 здравствени работници ќе земаат повисока плата од наредниот месец

Објавено пред

Од

Сега не е време за измислување непостоечки теми, туку за одговорност. ВМРО-ДПМНЕ треба да се помири со тоа што растат платите и се гради современ европски здравствен систем. Македонија конечно тргна напред и тоа е воочливо во многу сфери, вклучително и во здравството, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, над 19.000 здравствени работници ќе земаат повисока плата веќе од следниот месец, а се воведе и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.

,,Преземени се значителни чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите со зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници. Набавката за која денеска ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е интервентна набавка поради итност, со цел пациентите да не останат без лекови. Станува збор за набавка којашто е вообичаена, нормална и законски спроведена.ВМРО-ДПМНЕ знае дека ваквите јавни набавки ги спроведува секоја клиника посебно, а не Министерството за здравство.Не е сега време за измислување непостоечки теми за партиски препукувања. Сега е време за државничко, одговорно однесување и обединување околу македонската иднина, околу интересите на граѓаните”, е ставот на СДСМ.

Според партијата, време е раководството во ВМРО-ДПМНЕ матрицата на лажни вести и измислици да ја замени со одговорно и државничко однесување. Време е ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите членови да излезат на референдумот ЗА европска Македонија и да изберат иднина.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на утрешниот протестен марш во Охрид

Објавено пред

Од

Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема, рече Сашо Донев, претседател на оштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, во повикот за протестниот марш кој во овој град е закажан за утре.

Тој истакна дека граѓаните се разочарани од Владата на СДСМ, чии лаги, како што кажа, излегле на виделина.

„Државата пропаѓа, граѓаните живеат се полошо, а Заев ги распродава националните и државните интереси.  Наместо живот донесoa чемер и јад. Економијата тоне, цените растат, а стандардот опаѓа, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан“, изјави Донев и додаде дека граѓаните се свесни што се случува во државата, па, како што рече, во огромно мнозинство нема да дадат поддршка на штетниот и капитулантски договор.

„Договорот е штетен и власта го знае тоа, затоа и бегаат од одговори. Заев се плаши, затоа и бега од дебата и соочување, затоа што нема аргумент за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата“, рече претседателот на оштинскиот комитет и подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува договорот, ниту некогаш ќе го поддржи.

„Од нас зависи каков пат ќе избереме. Македонија е се што имаме, нашите корени и нашата иднина“, истакна Донев и ги повика сите незадоволни граѓани од, како што кажа, капитулацијата на Зоран Заев да се придружат на протестниот марш во Охрид, во недела со почеток во 13 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура11 час

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа14 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија17 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет18 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија19 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија20 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ21 час

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија22 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие