Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за само една години го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра

Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори. Никој повеќе во државата не може да го игнорира расипништвото и арамилакот на власта. Потребно е СДСМ да си замине, порача ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта која за само една година ја задолжи државата и идните генерации за нови 450 милиони евра, а притоа нема ниту една позначајна капитална инвестиција, не може да ја води Република Македонија напред, туку само назад.
СДСМ за само една години со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации.
Власта треба да одговори на што се потрошени овие пари, кога нивото на реализација на капитални инвестиции е на рекордно најниско ниво од очајни 65%?
Лудилото не запира тука. Власта сега лаже и вели дека ќе изгради нов Клинички центар за 480 милиони евра.
Власта која поништи веќе готов проект со обезбедени пари за клинички центар, кој ќе ја чинеше државата 4 пати помалку или 120 милиони евра, сега манипулира со 4 пати повисока сума, за проект чиј старт е неизвесен.
Доколку СДСМ не го прекинеше проектот за изградба на ВМРО-ДПМНЕ до сега истиот ќе беше до половина реализиран, а неговото пуштање во употреба ќе беше за две години од сега. Поради СДСМ сè ова е прекинато и нов клинички нема, а тешко дека во догледно време и ќе има, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Мицкоски е симбол за непотизам

„Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика. Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси“, соопшти СДСМ.
Од партијата велат дека СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизам, притисоци и политика.
„Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
Во меѓувреме почна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и сè уште е непозната категорија. Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите што им ги обезбедила за време на нејзиното 11-годишно владеење“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Опозицијата да престане да го злоупотребува Ласкарци во политички цели

Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички концепт, на идеја и програма, продолжува да злоупотребува сообраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.
Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партиајта, и покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува да профитира на низок и крајно неморален начин.
„Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај. Веќе е почната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за пријателските политики

Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи, вели СДСМ преку соопштение.
Желбата за подобра иднина, смета СДСМ, ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција, а тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.
„Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.
Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението на владејачката партија.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал