Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот

СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот. СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголем број од народот ќе плаќа 18 % и 138 % поскапа струја, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие што до вчера плаќале 4.000 денари, ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари, ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата што се греат со грејни тела на струја. Седум месеци во ек на грејна сезона, ако лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на своите домови.
СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ. Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство поради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.
СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски до Ковачевски: Уставните измени ставете ги на седница следната недела, ајде на избори и соочување со народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Тетово им понуди на Владата на СДСМ и на Димитар Ковачевски на следната седница на Собранието веднаш да се стави на дневен ред предлогот за уставните измени додавајќи дека доколку власта собере 80 пратеници, тогаш тој ќе го исполни ветувањето и трајно ќе замине од политиката, а доколку не, тогаш Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори.
Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на Уставот и дека доколку се случи такво нешто, ќе заминам трајно од политиката затоа што има полна доверба во сите нив, потенцира тој.
Еве, денеска, ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до Владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски, веднаш откога парламентот, односно парламентарците, ќе се вртат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија. И доколку тој собере 80 пратеника, јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника, да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија? Имено, според препораките, цар Самуил, светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, наместо македонски, ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот што тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од сѐ што е македонско и прифатија цар Самуил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум Охридски твореле во бугарска држава.
Препораките на Комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажуваат од македонската историја и македонскиот идентитет.
СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.
Наместо да излегуваат на прес-конференции и да даваат паушални изјави и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи, се вели во соопштението.
Економија
СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, велат од СДСМ утрово преку соопштение.
„Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.
Ова ќе значи отворање нови работни места, воведување нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.
Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија „Некст е.го мобиле“ е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, се наведува во соопштението на СДСМ.