Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема право да говори за европски вредности додека со неа раководи аболицираниот Заев

Објавено пред

Македонската држава е во заложништво на криминалниот картел на власта. Македонија е во заложништво на кланот Заеви и нивните бизнис интереси. СДСМ нема право да говори за европски вредности додека со неа раководи аболицираниот Заев, истиот оној кој што цела Македонија го виде како бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен, се огласи опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Судство кое го штити криминалот наместо да го казнува истиот, не е одлика на правна држава. СДСМ нема право да говори за евроинтеграции на Македонија кога тие самите ја укинаа правната држава и загрозија европската иднина на државата. Одродената и криминална власта на чело со аболицираниот Зоран Заев нема право да говори за западни вредности.

Западни вредности не се криминални тендери и грантови доделени на партиски и државни функционери на СДСМ, европски вредност не е исплата на партиски послушници со народни пари. Свитканата кичма не е одлика на европски политичар, ниту пак маскимата „евро за Вицето“.

Мафијашките методи на притисоци, уцени, закани нема да ја продолжат политичката кариера на Заев, неговата кариера нема да ја продолжи ниту распродажбата на националните и државните интереси. Заев не го слуша и не го почитува гласот на граѓаните, но затоа на некој следни избори тој глас ќе биде уште посилен и истиот ќе ги испрати сите овие транзициони политичари во политичка пензија“ се наведува во реакцијата.

Соопштенија

Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, вечерва, се сретна со претседателот на италијанската Национална антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне, придружуван од своите соработници и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

Од Владата информираат дека на средбата била изразена поддршка за постигнатиот договор со Грција, кој бил оценет како голем и значаен чекор кон успешното остварување на напорите на Република Северна Македонија за европска и евро-атлантска интеграција.
Исто така, била истакната посветеноста на Владата за продолжување на реформите во правосудниот систем, јавната администрација, безбедносно-разузнавачките служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„На средбата со највисокиот претставник на италијанската Национална антикорупциска управа позитивно беше оценето донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и транспарентниот избор и именувањето на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во Северна Македонија. Двете делегации се согласија дека Северна Македонија и Италија ги поврзува искрено пријателство и соработка, со интенција и поддршка да се продлабочуваат и конкретизираат и идните чекори што двете земји ќе ги преземаат во областа на борбата против корупцијата, размената на заеднички искуства, идеи, практики и мерки и во други области“, велат од Владата за средбата.

Во таа насока е и утрешната конференција „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики спрема европскиот модел – италијанскиот пример“, што ја организираат Мисијата на ОБСЕ и италијанската амбасада во Скопје, а на која ќе учествува и ќе говори премиерот Заев. На конференцијата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со италијанската пракса за борба против корупцијата, а ќе се дискутира и за независните надлежни органи одговорни за антикорупција, важните реформи и перспективи за интеграција на земјата во Европската Унија, соопшти владината прес-служба/

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите, вработени во администрација

Објавено пред

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Костадин Костадинов, кој кажа дека растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години.

Од опозициската партија сметаат дека платите во државата растат само за роднините на функционерите од власта, а за сите други паѓаат.

„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема“, се вели во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека државата оди кон дното, а власта само во последната година задолжила нови речиси половина милијарда евра, пари кои, како што велат, ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години

Објавено пред

Платите растат, сè повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата. Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Просечната нето-плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година. Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари! Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.
Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места“, изјави Костадинов.

Тој додаде дека оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.

Овие мерки и реални економски политики, според Костадинов, се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.

„Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати“, нагласи тој.

Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, вели Костадинов, дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, сè повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија16 минути

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шутка

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија54 минути

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа2 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија2 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија2 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија14 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија15 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија18 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија18 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ20 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија20 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток21 час

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија21 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Досие