Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ фрли темна дамка на овие избори со 4.131 партиско вработување

Објавено пред

Владата на СДСМ призна дека за само два месеци вработиле 4.131 партиски војник. Владата на СДСМ не негираше дека ја зголемиле администрацијата за над 4.100 партиски вработувања за само 2 месеци. Тоа значи дека СДСМ веќе на овие избори фрли темна дамка со тоа што вработувала партиски војници кои се извор на непотизам, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова преставува изборна корупција со која Заев сака да се спаси од пораз и да избега од одговорност за криминалите. Овие вработувања се случуваат откако СДСМ знаеше дека ќе има техничка влада и извесни избори, што значи дека вршела свесно нарушување на изборниот процес. Овие партиски вработувања кои се извор на заразата на непотизам се исклучиво во функција на купување на партиски мир, и вработување на деца, братучеди, сестри и браќа на функционери на СДСМ.

Во ниту една нормална држава не се вработува армија на партиски избори, особено не пред избори. Нема ниту едно оправдување за вака енормно зголемување на администрацијата во пресрет на изборите. Зад секој вработен партиски војник на СДСМ стои по еден разочаран граѓанин чии квалитети не се препознаени од владата. Токму затоа се случува иселување на квалитетни кадри.
Партиските вработувања нема да ја спасат владата во заминување. Борбата на Заев е за спас од одговорност за неговите криминали. СДСМ паѓа, а обновата доаѓа“ се вели во партиското соопштение.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи, но фактот што Седат Пекер добил обезбедување од Спасовски нема да избледи

Објавено пред

Јавното обвинителство молчи, фактот што Седат Пекер добил полициско обезбедување од Спасовски нема да избледи, одговорност ќе има за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може светски криминалец како Седат Пекер три месеци да престојува во Македонија, а МВР на Спасовски да му даде и полициско обезбедување.

Дополнително уште поненормално е зошто ЈО молчи и не отвори истрага, како Пекер се стекнал со полициско обезбедување, што правела АНБ, и што разговарал Заев со него?

Не може 214 криминалци да добијат македонски документи, да доаѓаат во Македонија, од тука да полетуваат насекаде низ светот, а за тоа да бидат виновни службеници од Пасошко.

Полициско обезбедување не даваат службеници од Пасошко, тоа го даваат високи структури во МВР, а тие знаат кој е Седат Пекер.

Се поставува прашањето зошто иако знаеле кој е Седат Пекер, тој добил обезбедување и дали на тоа влијаела неговата средба со Заев.

Одговори и одговорност мора да има“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со новиот состав на органите СДСМ уште подобро ќе им служи на граѓаните и на државата

Објавено пред

СДСМ по 26. редовен конгрес, со кадровски освежувања во највисоките партиски органи, кои се спој на искуство и нова енергија, започнува ново четиригодишно поглавје како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите граѓани, напоменуваат од партијата по вчерашниот конгрес.

Дообјаснуваат дека во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.

„Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови. Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во која било друга партија во Северна Македонија. Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци, имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од младите редови на СДСМ. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели, 2 се нови“, посочуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.

„Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата“, сметаат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска, Николовски и Филипче не се нови ликови

Објавено пред

Сања Лукаревска, која ги штити фирмите на Заеви, Николовски, која наместо криминал брка путер, и Филипче, кој во пандемија се фати за провизии, не се нови луѓе, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот конгрес на СДСМ.

„Фирмите на Заеви секој квартал се во врвот на листата на должници за ДДВ, и не видовме ниту слушнавме за некоја акција од УЈП. Тоа е Сања Лукаревска, извршител на Заев. Љупчо Николовски не се пронајде на ниту едно место. Земјоделието го упропасти, па смислија нова функција, каде што наместо криминал брка путер. Венко Филипче од добар лекар се сведе на потрчко на Заев. Наместо да брка вакцини, тој  сред пандемија бркаше провизии. Битиќи не донесе ниту една инвестиција. Имаме 6.200 затворени фирми и 60.000 останати без работа. Царовска тера инает со цела држава. Спротивно на волјата на учениците, родителите и наставниците турка проект од кој корист ќе имаат само тие што ќе ги прават набавките и никој друг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека СДСМ е истото старо транзиционо лице на чело со, како што велат, стариот Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има, и дека следните ќе се...

Европа16 минути

ЕМА: „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до месец дена

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија2 часа

Пендаровски: Процесот на преговори со ЕУ не смее да се оптоварува со историски контроверзии

ти на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот „Брдо – Бриони“, што се одржува во Брдо кај Крањ....

Македонија3 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ: Не успеавме да се договориме, иницијативата на Србија не беше прифатена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по самитот Брдо-Бриони рече дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба заедно...

Економија6 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет7 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија7 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет7 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет9 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа10 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет10 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет10 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет11 час

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие