Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога Филипче се фали дека пикот поминал, имаме нов црн рекорд на починати

„Секогаш кога Филипче се фали дека пикот поминал, имаме нов црн рекорд како последниот од 41 починат, или што би рекол народот „аман не се фали доста е“. Поради поразителните бројки во изминатото деноноќие од 1.022 заразени и 41 починат Филипче и министерството за здравство шверцерски и доцна во ноќта ги објавуваат бројките на заболени и на мртви од корона вирусот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, лагите нa премиерот на заминување Заев и Филипче дека се е под контрола доведоа до 1.699 прерано згаснати животи. 1.699 изгубени животи заради неодговорното однесување на Заев и Филипче кое ги остави без соодветна и навремена болничка грижа.
„Граѓаните со висока температура, пневмонија и омалаксани очајно чекаат пред КОВИД центрите на минусни температури да бидат примени додека Филипче води пропаганда. Несериозноста на министерот за здравство ја чини Македонија се повеќе човечки животи кои немаат цена. Дека Филипче нема поим како да се справи со КОВИД-19 кризата говори и фактот дека само 15% од населението е тестирано додека во другите држави тестирањето достигнува до 60%.
Македонија бележи рекорди по број на починати во споредба со другите европски држави.
И додека Филипче вели дека епидемијата се смирува рекорден број на 41 лице синоќа го загубија животот како резултат на неспособноста на министерот за здравство. Со Филипче на чело црните рекорди стануваат секојдневие.
Филипче мора да престане да лаже дека се е под контрола и да си даде оставка. Со секој изминат ден погубните политики на владата и Филипче ја чинат државата ново згаснати животи. Граѓаните не се должни да умираат заради суетата Филипче кај се стави во служба на премиерот во заминување Заев, а не на доктор. Поради сите жртви и промашени политики, оставка веднаш“, се додава во соопштението.
Со почит,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Со еврообврзницата се враќаат долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Димитриеска-Кочовска нема никаков кредибилитет да зборува за економија и одговорно работење кога токму таа додека беше дополнителен заменик-министер за финансии, кочеше заем од Светската банка за опремување ковид-центри, реагираат од СДСМ за прес-конференцијата што денеска ја одржа претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да ги лаже и манипулира граѓаните, но факт е дека последната еврообврзница има каматна стапка од 1,625 %, а ќе се искористи за враќање на еврообврзницата издадена во време на ВМРО-ДПМНЕ со каматна стапка од 3,975 %“, стои во партиската реакција.
Од СДСМ додаваат дека доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која била издадена со стапка од речиси 4 %, по основ на камата ќе се заштедат 82,25 милиона евра.
„Емитуваната еврообврзница е најевтина досега, со историски најниска каматна стапка од 1,625 %, или неколкукратно пониска во однос на сите претходно издадени еврообврзници“, посочуваат од владејачката партија додавајќи дека ова е резултат на растот на довербата на меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзините перспективи.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал ја тресе државата, вратен предлогот Фрчковски да биде амбасадор во САД

Државата ја тресе нов скандал, вратен е предлогот Фрчковски да биде амбасадор во САД поради тепање жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев со нов скандал за лице претставник на државата во најмоќната земја го прати Фрчкоски, кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров. Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија. Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ што ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија.
Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето Фрчкоски да биде амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал и ја посрамоти Македонија.
Фрчкоски е четврти дипломат што му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ги поткопува западната алијанса и НАТО? Дали Заев, по шлаканицата од САД, го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград?
За кого работи Заев, за Македонија и НАТО – сигурно не!“, се наведува во партиското соопштение.
Соопштенија
„Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.
„Ова е текстот на изјавата:’Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата’ – завршен цитат“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“.
Тој кажа дека ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.
„Ние, националните и патриотските сили во државата, нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“, рече Бачев.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“