Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Секој четврти тестиран е заразен од Ковид-19, Комисијата за заштита од заразни болести потфрли

Објавено пред

Секој четврти тестиран во Македонија е заразен со Ковид. Политиките на власта крахираа, а Комисијата за заштита од заразни болести целосно потфрли, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„За помалку од една недела имаме 2.000 заболени, онолку колку што Комисијата прогнозираше дека ќе имаме во текот на целата пандемија. Пандемијата сè уште не е завршена, а бројот на заразени е десеткратно повеќе од прогнозите на Комисијата за заштита од заразни болести и власта. И власта не прави ништо за да спречи уште поголема катастрофа. На праг сме на сезоната на грип, а уште немаме вакцини. Највозрасните и хронично болните се оставени буквално на себе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ не се потрудил ниту да се подготви за есенскиот голем бран.

„Цело лето преспаа и не оспособија ниту еден болнички капацитет повеќе, иако знаеја дека ситуацијата ќе биде лоша, резултатот сега го гледаме, преполни болници уште на почеток на есента. Хаосот што се случува предизвикан од Ковид е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и власта, кои немаат план како да се справат со заразата. Со СДСМ Македонија и граѓаните само тонат во хаосот на пандемијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека е подготвен за снегот, а загадениот воздух не го ни спомнува

Објавено пред

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, тоа е работа што Град Скопје треба да ја врши редовно затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешните активности на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Тој се фали дека е спремен за снег во ситуација кога има најмалку четири општини во градот Скопје во моментот во кои загаденоста е на највисоко ниво. Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз што повеќето од граѓаните на Скопје не може да си го дозволат, па се принудени да се задушуваат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици врз животот од нечистиот воздух за што Шилегов нема мрднато со прст“, се наведува во соопштението од политичката партија.

Во него се додава и дека актуелниот градоначалник не реализирал ниту еден од проектите што им ги ветил на скопјани.

„Урбанистичкото насилство продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, сè повеќе има сообраќаен метеж, а ветувањата за град без смог останаa во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги деградира здравствените работници

Објавено пред

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните поради дневно партиски цели. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата па до сега не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Според нив, „партијата предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот“.

„Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси, на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници. Осум месеци граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостиг на кислород

Објавено пред

„Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостиг на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи. Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата на коронавирусот покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона-кризата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1.500 починати лица или поточно 1.511 граѓани.

„Македонија во регионот и во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите. Филипче остава секојднево да умираат десетици граѓани. Филипче секој ден завива десетици семејства во црно. Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат во ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку часа, што е погубно за животите на граѓаните. Филипче не се грижи ниту за медицинските лица, од почетокот на епидемијата се без доволно соодветна лична заштитна опрема. И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип. Трети ден од кризна сотојба нема ни една мерка, која им е намерата – од АРМ да направат агенција за обезбедување?! За сето ова мора да има одговорност – веднаш“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет13 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет13 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет13 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија14 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија17 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион18 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа19 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија19 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион20 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија20 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа20 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион21 час

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа21 час

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија22 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет23 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет23 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет23 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие