Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ситуацијата со коронавирусот е надвор од контрола, а СДСМ е со главата во песок

Објавено пред

СДСМ излезе со прес-конференција, со која се фали за начинот на справување со здравствената криза, a која слободно може да биде дел од рубриката верувале или не, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавите на Ненад Коциќ.

Како што се наведува од реакцијата, од прес-конференцијата може да се заклучи дека или СДСМ не е информиран или е со главата во песок.

„Нека ја извадат главата од песокот и ќе видат дека само за едно деноноќие има 40 новозаболени. Оваа бројка покажува дека сè им е надвор од контрола. И не само новозаразени, туку повторно има и зголемување на бројката на починати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека и покрај црните статистики, Зоран Заев на сила турка избори, а со тоа народот го турка на гилотина.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали ги прифатил сите барања од бугарската држава за историјата и македонскиот јазик

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик.

„ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик? Од владејачката партија има молк за ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се ставени македонската историја и македонскиот јазик? Дали дел од пакетот на договорот е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик“, прашуваат од партијата.

За само неколку месеци, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

„Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евро-атлантските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед. Заев со својата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Коциќ: Со навремени мерки ја ставивме состојбата предизвикана од коронавирусот под контрола

Објавено пред

Со навремени мерки ја ставивме состојбата предизвикана од коронавирусот под контрола, успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, а капацитетот на здравствениот систем во ниту еден случај не се оптовари, изјави Ненад Коциќ од СДСМ.

„Но, здравствените работници не може сами да се справат со епидемијата. Секој од нас е еднакво важен во битката против коронавирусот. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, мораме доследно да ги почитуваме мерките за заштита“, рече тој.

Коциќ рече дека СДСМ преку одговорни и стратешки политики ги зајакнал професионалните капацитети на здравствените работници и создал услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

„Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје. За период од две години, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавните здравствени установи, им ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации. Во периодот од септември 2018 до февруари 2020 четирипати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари 25 отсто, а на другите здравствени соработници 15 отсто“, изјави Коциќ.

Тој потсети и дека вработените во здравството, кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто од основната плата за два месеца.

„Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите јавни здравствени институции, болниците, институтите, каде што се правеа испитувањата“, рече Коциќ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги кочи изборите, ние ќе ги почитуваме законските рокови

Објавено пред

СДСМ смета дека изборите се решение, а не проблем, со оглед на тоа што земјата е со распуштено Собрание и со техничка Влада. Од владејачката партијата велат дека сакаат избори на кои ќе учествува и опозицијата, но доколку ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот, тие ќе ги почитуваат законските рокови.

„Имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме сè опозицијата да си ја преземе својата одговорност, но ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор, освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес“, велат од СДСМ.

Според владејачката партија, изборите ќе обезбедат целосно функционални институции, но истовремено и заштита за здравјето на граѓаните, особено имајќи ги предвид реалните стравување на релевантните светски здравствени институции за нова можна појава на вирусот наесен.

„Изборите треба да се одржат во првиот можен термин во согласност со законските можности и во согласност со состојбата предизвикана од епидемијата според препораките на надлежните институции. Тоа значи дека сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, имаат одговорност пред државата и институциите да преземат одговорност и да им овозможат на граѓаните да одлучуваат. Тоа е врвна демократска придобивка. Исплашени од извесниот пораз од граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сè изборите да не се одржат, а државата да западне во сериозна политичка криза, која негативно ќе се одрази и врз економијата, но и врз здравјето на граѓаните. Таквите нивни обиди се осудени на неуспех“, велат од СДСМ.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот, покрај олабавувањето...

Економија42 минути

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија58 минути

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава3 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија13 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија13 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија13 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија14 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија14 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион19 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија19 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија20 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија20 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија20 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија21 час

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет22 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа23 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион24 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа24 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија1 ден

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Досие