Контакт

Избори 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска победи во најголем број општини

Објавено пред

Картата е црвена, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова победија во најголем број општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова со народот освоија повеќе гласови од првиот круг, соопшти опозициската партија.

„Членството на ВМРО-ДПМНЕ беше под константен политички прогон, власта се служеше со сите методи. Но, одговорот го добија од народот. Сега да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најголем број пратеници.

Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во: Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, победа има и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Виница, Градско, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново – Облешево и нерешено е во Радовиш.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно со народот. Оваа недемократска и ненародна власт мора да падне. Граѓаните го кажаа своето. Падот на Заев е неминовен.

Народот гласаше за право и правдина наспроти криминал, корупција и непотизмот на Заев и СДСМ. Народот гласаше против коруптивната шема по принципот едно евро за црквата, едно евро за Вицето. Народот сака право и правдина. Предвремените парламентарни избори се неизбежни“, се наведува во соопштението.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција порача дека оние кои допатувале од Италија и имаат симптоми на...

Македонија46 минути

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија2 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион3 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија5 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно6 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија6 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион6 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт8 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија8 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет8 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет19 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт19 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет20 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија22 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет24 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Досие