Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со 1.7 милиони евра може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов

Објавено пред

Со 1.7 милиони евра за Скопје може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата бара реакција од јавното обвинителство.

„Скопје пред сè  има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно. Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа Град Загреб за исто такво возило. Потребата за нешто не е оправдување за криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека возилото што го купува Шилегов е 1.723.621 евра, а исто такво возило Град Загреб купил за 794.052 евра.

„Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе предвид дека ј фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки. Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Пендаровски гледаше фудбал со австрискиот амбасадор

Објавено пред

Претседателот, Стево Пендаровски, го следеше натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Австрија, во друштво на австрискиот амбасадор Георг Вуцас и фудбалерот, Дарко Панчев.

„Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да не скара вечерашниот натпревар“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Поразени блокадите на Мицкоски, никој не верува во неговите лаги

Објавено пред

Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики, соопшти СДСМ.

„ Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции. Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.

Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“ додаваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари

Објавено пред

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.

Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери.

Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел.

Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт5 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија12 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа13 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ13 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија13 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт13 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија17 часа

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија1 ден

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт1 ден

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија1 ден

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт2 дена

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион2 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија2 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Досие