Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Според Светска банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот

Објавено пред

Според Светска банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот, секоја година долгот поголем од растот за над 100 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Според Светска банка Македонија има највисока инфлација до сега, но и најнизок раст на БДП. Пет години како СДС е власт, јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра. Секоја година генерираат нов долг од над 500 милиони евра. А во исто време растот на БДП е околу 400 милиони. Секоја година со СДС повеќе се задолжуваме отколку што има раст економијата.

Политиката на СДС ја влече Македонија во бездна и банкрот. Погрешните политики на СДС ги иселија граѓаните. Здравството тоне, образованието е руинирано, на инфраструктурно поле се стагнира. Сè што прави СДС е само поткусурување со македонските национални интереси. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ води европска политика, втемелена на демократски принципи. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали данокот на добивка и персоналниот данок на доход на стапка до 8%, и ќе обезбеди даночна предвидливост.

250 милиони евра ќе завршат годишно во општините како капитални проекти преку Министерството за транспорт и врски. Нема да има општина во Македонија која нема да се развива. Ќе се развиваат и малите и големи општини, и во источниот и во западниот дел од државата. ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на инфраструктурата и на изградба автопатите од Гостивар до Кичево и Велес до Меџитлија. На Македонија ѝ требаат проекти и многу работа, а не поделба“, се вели во партиското соопштение.

Соопштенија

Минатото деноноќие произведени 14.032 MWh, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

Објавено пред

АД ЕСМ на 4.12.2022 година произведе 14.032 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

dobivaj vesti na viber

Во термоелектраните произведени се 9.470 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.562 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 4.12.2022 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадата, цената ја плаќаат граѓаните

Објавено пред

„Христијан Мицкоски е тој којшто ги поттикнува блокадите на приватните превозници. Откако меѓусебно се обвинуваа за рацете во медот, откако се испокараа за провизии, сега Мицкоски ѝ се реваншира на Данела Арсовска“, соопштуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата посочуваат дека „лично Мицкоски најавуваше 100 автобуси за Град Скопје во име на Арсовска. Денес ги нема ниту автобусите, ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше“.

„Штетата од сето ова ја плаќаат граѓаните кои утрово се разбудија во блокиран град и без јавен превоз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ приредуваат нова катастрофа на Скопје“, е ставот на СДСМ.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Илјадници граѓани во над 40 општини предлагаа идеи за развој, буџетите се креираат отворено и транспарентно

Објавено пред

Илјадници граѓани во над 40 општини предлагаа идеи за развој, буџетите се креираат отворено и транспарентно. На 3 и 4 декември за првпат во Македонија се одржа организиран проект во над 40 општини за собирање и дискутирање на идеи за проекти од граѓаните до општините, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Првпат до сега масовно се вклучуваат граѓаните со идеи за проекти, кои ќе бидат дел од решенијата на нивните проблеми и потреби. Илјадници наши сограѓани во саботата и неделата ги посетија општините и дадоа свои идеи за проекти, а кои ќе бидат опфатени со буџетите за 2023 година.

Граѓаните можност да предложат идеи за проекти ќе ја имаат и во наредните неколку дена преку страницата budzeti.mk, или следниот викенд односно 10 и 11 декември, во период од 11 до 14 часот во општината во која живеат.

Градоначалниците и нивните тимови ќе ги разгледаат идеите и истите ќе ги опфатат со предлог-проекти. ВМРО-ДПМНЕ воведува новитети. Буџетите директно ќе ги правиме со граѓаните. Зошто тие знаат што им е најпотребно. Така ќе функционира и идната влада“, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати

Киевскиот режим изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан, воздухопловните сили ги пресретнаа овие беспилотни летала,...

Економија11 часа

Ќе им се исклучува струјата на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања, а и ќе ги исклучуваат од струја сите институции неплаќачи. На списокот се...

Македонија13 часа

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (5.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до...

Економија14 часа

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија15 часа

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ најавува дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират се’ додека не...

Македонија15 часа

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија15 часа

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет16 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија16 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија17 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет17 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа17 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија18 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет18 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет18 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија18 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион2 дена

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет2 дена

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија2 дена

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...