Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е двајца градоначалници и премиер да се појават на реконструкција на улица од 2 километри

Објавено пред

Срамота е што двајца градоначалници и премиер се појавија на увид на градежни активности на секундарна улица од два километри која ја градат и сè уште не е завршена цели 2 години, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и премиерот, Зоран Заев, денеска извршија увид на градежните работи на улицата „Орце Николов“.

Според опозициската партија, уште поголема срамота е што улицата не е во надлежност ниту на Шилегов ниту на Заев, но, како што велат од таму, двајцата се појавиле да се сликаат со градоначалникот Богдановиќ.

„Додека го правеа изборниот популизам, Шилегов не кажа ниту збор за тоа што компанијата на зетот на неговиот секретар на градот добила 4 милиони евра државни тендери, тоа што градот Скопје плаќа двојно поскапа противпожарна скала од таа во Загреб и тоа што државните субвенции за инвертер клими постои основано сомнение за проневера на пари и делење по партиски клуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму нагласуваат и дека Шилегов ветувал подземни булевари, двојни кружни текови, тунел под Кале, а денес, велат, се фали со работа на општина Центар за улица од 2 километри.

„1.500 улици во Скопје, а тие се фалат со 2 километри тазе асфалт, дно“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Пендаровски гледаше фудбал со австрискиот амбасадор

Објавено пред

Претседателот, Стево Пендаровски, го следеше натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Австрија, во друштво на австрискиот амбасадор Георг Вуцас и фудбалерот, Дарко Панчев.

„Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да не скара вечерашниот натпревар“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Поразени блокадите на Мицкоски, никој не верува во неговите лаги

Објавено пред

Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики, соопшти СДСМ.

„ Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции. Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.

Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“ додаваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари

Објавено пред

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.

Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери.

Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел.

Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет1 час

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија2 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт14 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт14 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт14 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија21 час

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа22 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ22 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија22 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт23 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Досие