Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Стручната фела Филипче ја множи со нула

Објавено пред

Министерот Венко Филипче стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а не, пак, да се заинтересира да ги праша, чуе и да преземе соодветни мерки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешните најавени нови рестриктивни мерки со цел заштита од коронавирусот.

„Наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани и уцени кон граѓаните. Стручната јавност јасно му вели така не се зголемува бројот на вакцинирано население, така не се постигнува заштита, но очигледно воопшто не му е гајле“, стои во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, министерот Филипче само ја слуша, како што велат, политичката комисија и си ги брка личните и интересите на Заев.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите

Објавено пред

Милошоски лобира против почеток на преговорите со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите, се вели во соопштението од СДСМ.

Како што наведуваат од партијата, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски, отишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не почне преговори за членство во ЕУ.

Во продолжение на соопштението се вели дека, наместо да бара ЕУ да донесе одлука што побргу нашата држава да почне процес за преговори со Унијата, кој е заслужен и за кој ги имаме исполнето сите услови, Милошоски го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е докажан противник на евроинтеграциите, партија што сака државата да ја врати назад во изолација, раскарана со соседите и демократскиот свет, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да му се извини на народот за трошење на нивните пари

Објавено пред

Пендаровски троши народни пари за себепромоција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија наведуваат дека Стево Пендаровски нарачувал и плаќал со пари на граѓаните, а со вработените од неговиот кабинет се фалел дека бил човек од народот.

Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари Стево Пендаровски се фали сам себе.

Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи што ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а не да ги троши нивните пари на политички маркетинг.

„Очекуваме Пендаровски да му се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левицата: Комисијата за корупција да испита како директорот на ФЗОМ, Стево Крстевски, стекнал енормен имот

Објавено пред

Директорот на ФЗОМ од редовите на СДСМ, Стево Крстевски, во согласност со неговиот јавно објавен анкетен лист поседува личен имот, кој вклучува станови, удели, депозити, куќа, и тоа во вкупна вредност од речиси 16 милиони денари не сметајќи го и дополнителниот имот на неговиот брачен другар, кој исто така воопшто не е за потценување. Најголем дел од имотот е стекнат за време на владеењето токму на СДСМ, информираат преку соопштение од Левицата.

„Гледајќи ја вкупната сума на имотот што тој го поседува, легитимно е да се постави прашањето на кој начин тој ги стекнал средствата за купување на овие недвижности, како и дали во тие средства се вклучени и финансии што Стевчо Крстевски ги стекнал преку вршење договорени услуги кон државата?! Дополнително, вредноста на објавениот имот, според сите економски параметри, не може да биде стекната само од државната плата што Стево Крстевски ја добива како директор“, велат од оваа партија.

Споредуваат со обичниот работник, кој, како што напоменуваат, заработува минимална плата, му требаат речиси 90 години за да успее да го заработи ваквиот имот.

Ова, според Левицата, само ја истакнува, како што велат, лажната слика што од СДСМ се обидуваат да ја наметнат дека наводно се борат за правата на обичните работници, како и фактот дека само при владеење хибриден режим е можно стакнување толкав голем имот во рекордно кратко време.

„Се работи за директор кој е партиски послушник на владејачката криминална клика и кој противзаконски и насилнички деградира од работни места роднини на истакнати членови на Левицата“, појаснуваат од партијата.

За вакви ситуации, кога е евидентно постоење основи за сомневање за незаконско богатење, додаваат од таму, јавноста очекува одговори.

„Дополнително, како партија ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи во согласност со своите надлежности, утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите и да преземе соодветни мерки и активности за истражување на наведениот случај“, стои во писмената реакција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија1 час

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ2 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија3 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа5 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа5 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион5 часа

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа6 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија20 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија22 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија22 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија1 ден

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија1 ден

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија1 ден

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Досие