Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Фрапантно се намалени инвестициите во здравството, системот крахира

Објавено пред

Власта на Заев фрапантно ги намали инвестициите во јавното здравство, здравствениот систем крахира, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Граѓаните се оставени сами на себе. Здравствениот систем крахира. Владата на Зоран Заев доживеа дебакл. Владата на Заев и СДСМ не вложи ниту денар во здравството во државата.

Четири години се власт во Македонија и создадоа хаос во здравствениот систем. Заев е власт во Струмица 18 години, а амбулантски возила нема, наместо веднаш да набават амбулантските возила за струмичката болница СДСМ ветува возила за по два месеца во време на епидемија. Државата во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ имаше пари да купи 140 амбулантни возила, а во време на СДСМ само 12.

Бројот на починати од коронавирусот надмина илјада лица, бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, а Заев и Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски.
Филипче и Заев и по девет месеци не го гледаат дебаклот што се случува во Македонија.

СДСМ е симбол за неспосособност и нефункционалност. Доказ за тоа е и катастрофата во буџетот за здравство. Владата предводена од СДСМ одлучила дека во јавното здравство треба да се инвестира многу помалку (за 62%) од инвестициите кои ги правела Владата предводена од ВМРО.

Во последните 4 години (2017-2020) во Македонија инвестициите што државата ги прави во јавното здравство се помалку од половина од инвестициите во претпоследните 4 години (2013-2016). Во последните четири години државата потрошила средства во висина од само 38% од средствата за капитални инвестиции кои ги потрошила во претпоследните 4 години.
СДСМ ги намалила за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство. Недостигот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестици.

Бидејќи владата на Заев не знае како да се справи со ситуацијата, ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните. Бараме веднаш да бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници и за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани, и да се формира специјална ковид-комисија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги продава државните интереси на тајни средби

Објавено пред

Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски и бугарски владини претставници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат од опозициската партија, според нивните информации, се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои.

„Македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и да ги прифатат бугарските максималистички барања“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев досега не ги негира овие тврдења.

Од партијата бараат Заев и, како што велат, неговата влада во заминување да не и прават штета на државата.

„Ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Од опозициската партија воедно за утре најавија протести во 11 градови низ земјата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога Филипче се фали дека пикот поминал, имаме нов црн рекорд на починати

Објавено пред

„Секогаш кога Филипче се фали дека пикот поминал, имаме нов црн рекорд како последниот од 41 починат, или што би рекол народот „аман не се фали доста е“. Поради поразителните бројки во изминатото деноноќие од 1.022 заразени и 41 починат Филипче и министерството за здравство шверцерски и доцна во ноќта ги објавуваат бројките на заболени и на мртви од корона вирусот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, лагите нa премиерот на заминување Заев и Филипче дека се е под контрола доведоа до 1.699 прерано згаснати животи. 1.699 изгубени животи заради неодговорното однесување на Заев и Филипче кое ги остави без соодветна и навремена болничка грижа.

„Граѓаните со висока температура, пневмонија и омалаксани очајно чекаат пред КОВИД центрите на минусни температури да бидат примени додека Филипче води пропаганда. Несериозноста на министерот за здравство ја чини Македонија се повеќе човечки животи кои немаат цена. Дека Филипче нема поим како да се справи со КОВИД-19 кризата говори и фактот дека само 15% од населението е тестирано додека во другите држави тестирањето достигнува до 60%.
Македонија бележи рекорди по број на починати во споредба со другите европски држави.

И додека Филипче вели дека епидемијата се смирува рекорден број на 41 лице синоќа го загубија животот како резултат на неспособноста на министерот за здравство. Со Филипче на чело црните рекорди стануваат секојдневие.
Филипче мора да престане да лаже дека се е под контрола и да си даде оставка. Со секој изминат ден погубните политики на владата и Филипче ја чинат државата ново згаснати животи. Граѓаните не се должни да умираат заради суетата Филипче кај се стави во служба на премиерот во заминување Заев, а не на доктор. Поради сите жртви и промашени политики, оставка веднаш“, се додава во соопштението.
 
 
Со почит,

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата

Објавено пред

„Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата, соопшти СДСМ.

Според партијата, единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

„Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани.Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен.Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија2 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија3 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија6 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија6 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија7 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет7 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион8 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа9 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа9 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт10 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија19 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет20 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија21 час

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија22 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион22 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа23 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион1 ден

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија1 ден

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Досие