Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска насила спроведува промени иако учениците сакаат хартиени учебници

Објавено пред

Да имаше Мила Царовска барем малку чувство за потребите на сопствениот народ, ќе прошеташе меѓу него и ќе разбереше дека насилната реформа, која ја спроведува во образованието, е осудена на пропаст. Наместо тоа, таа повторно не најде време да се соочи со претставниците на речиси 75.000 родители, се вели во соопштението на опоизициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Дигиталните учебници без хартиен учебник се неприфатливи за поголем дел од населението иако само 75.000 се осмелиле, во тоталитарниот режим, да го објават своето мислење. Оние што немаат дигитални уреди и припаѓаат на ранливите категории нема ни каде ни кому да му се обратат“, се навадувва во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, дополнително не се слуша ниту гласот на учениците.

„Тие бараат, децата бараат, хартиени учебници и настава во училиштата со физичко присуство. Тие самите се повеќе свесни за социјалната разлика што се создава со ваквиот непромислен проект. Тие самите се борат за знаење, а арогантната министерка упорно натура свои идеи“, стои во соопштението.

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев да каже какви отстапки направи со новиот предлог до Бугарија

Објавено пред

Од Единствена Македонија велат дека по вчерашната посета во Софија излегла информацијата дека Зоран Заев понудил нов конкретен предлог до Бугарија за решавање на т.н. бугарско-македонски спор.

„Јавноста е сведок дека Заев досега со секоја своја изјава, со секоја своја посета на Софија се повеќе ги распродава македонските национални интереси. Засега останува тајна содржината на новиот предлог на Заев за кој се зборува по вчерашната посета на Софија, но, го потсетуваме Заев да ја прекине опасната авантура за подарување на македоснкиот идентитет, историја, јазик и култура на Бугарија, бидејќи нема мандат за распродажба на националните интереси“, велат од партијата.

Од таму велат дека прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на една партија, на една влада.

„Единствена Македонија го повикува Заев да го покаже новиот антимакедонски предлог што вчера го дал до Софија. Новата народна власт која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори, одговорност за рушење на Македонија и Македонците мора да има, и ќе има“, велат од Единствена Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија

Објавено пред

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, додаваат од таму, беше соопштено дека Заев дал предлог до бугарската влада.

„Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, додаваат од таму, со секоја нова изјава продава сѐ повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

„Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата. Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија. Останува отворено кои се 5. историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори. Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијансата за Албанците: И по три години од преспанскиот договор, далеку сме од преговори со ЕУ

Објавено пред

Партијата Алијансата за Албанците денеска изрази жалење што дури и по три години, како што велат, главната цел на договорот од Преспа сè уште не е постигнат.

„Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ иако за три години Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати. Духот на преспанскиот договор исто така требаше да се рефлектира и во односите со сите соседни земји, подобрувањето на комуникацијата, решавањето на споровите, унапредувањето на билатералните и регионалните односи, спроведувањето на заедничките развојни проекти и интеграцијата на регионот во Европската Унија“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата на Зијадин Села сметаат дека власта не покажала оти интересот на земјата и граѓаните го става над партискиот.

„Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што ги загрозуваат самиот договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години“, велат од Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ1 час

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија3 часа

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија4 часа

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Македонија4 часа

Пендаровски и Вселенскиот Патријарх разговараа за решавање на статусот на МПЦ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Истанбул, Турција, се сретна со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски...

Спорт7 часа

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет7 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија8 часа

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион8 часа

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ21 час

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет23 часа

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт1 ден

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија1 ден

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион1 ден

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 ден

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт1 ден

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Досие