Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Четири дена Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид

Четири дена Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид – оставка веднаш, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски е во заблуда, ако мисли дека со поминување на одредено време ќе се заборави за кражбата на оружје од охридската полиција. Тој мора да каже кој го украл, колку оружје е украдено, но и како беше можно да се украде оружје од полициски магацин и тоа со денови да не се расветли.
Од молкот на Спасовски се извлекуваат само два заклучока. Или Спасовски е неспособен и не знае како да ѝ признае на јавноста дека е неспособен и не знае каде е оружјето или тој е во коалиција со криминалците кои го украле оружјето.
Украденото оружје е доволно за вооружување на цела единица. Покрај муниција, украдени се и рачни бомби и гранати. Доколку владата и МВР продолжат да молчат и да не преземаат ништо, тие само им даваат дополнителен мотив на криминалците да продолжат со истите активности и на други места“ се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: За 100 дена од мандатот на Ковачевски – поголеми плати, пензии и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се очајни што нивните градоначлници ништо не работат, што блокадите не им успеваат и што Владата предводена од Ковачевски има видлив резултат за 100 дена, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека за 100 дена од мандатот на Ковачевски, иако е време на најголема светска економска иенергетска криза, има:
1. Највисок раст на минималната на 18.000 денари;
2. Историски најголемо зголемување на пензиите;
3. Историски најголемо покачување на платите во образованието од 15 %;
4. Раст на просечната плата, која достигна 30.000 денари;
5. 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите;
6. Субвенионирање на цената на струјата, имаме најниска цена во регионот;
7. 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните;
8. Дополнителна финансиска помош од 1.000 денари месечно за пенизонерите;
9. Финансиска помош од 1.000 денари за ранливи граѓани;
10. Интервентен фонд за земјоделците и Национален план за храна;
11. Намалени цени на 230 лека;
12. Енергетска транзиција, нова фотоволтаична електрана „Осломеј“;
13. Нов 400 киловолтен далновод вреден 17,2 милиони евра;
14. Почеток на гасниот терминал „Александрополи“;
15. Успешно справување со кризата, нема недостиг на ништо, нема застој во исплатите.
И додека Владата предводена од СДСМ и Ковачевски сето ова го реализираа за помалку од четири месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ:
1. Блокади;
2. Одбара на криминал;
3. Неспособни градоначлници.
Скопје
Улица во Старата скопска чаршија го доби името „Укшин Хоти“

Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена таблата со новото име на улицата Укшин Хоти, која ќе го замени името на улицата Лазар Танев, а меѓу многуте гости беше и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.
„Оваа улица се наоѓа во едно од најубавите и најстари места на нашето Скопје и во срцето на Чаир – Старата чаршија“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој потсети дека името на Укшин Хоти ќе го повторат илјадници туристи, кои секојдневно минуваат по оваа улица и доаѓаат од целиот свет.
„’Укшин Хоти’ е само едно од 66-те нови имиња со кои неодамна беа преименувани улиците на општина Чаир, меѓу кои има многу истакнати личности, кои ќе бидат траен белег и потсетување за сите нови генерации. Во оваа пригода сакам неизмерно да им се заблагодарам на сите соработници што помогнаа историскиот Чаир да биде со нови имиња“, рече Ганиу.
На откривањето на плочата со новото име на улицата Укшин Хоти присуствуваа и сестрата на Укшин Хоти, Мирвете Хоти, вицепремиерот Артан Груби, пратеници, претставници на институции, академици и граѓани.
По свеченото промовирање на улицата, во соработка со Општина Чаир, Државната агенција за архива на Косово и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, беше отворена изложбата „Направи или умри!“ посветена на животот и делото на Укшин Хоти.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект

Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект, ако тоа им ја намалува фрустрацијата, но народот тешко дека ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија оценуваат дека се гледа голема фрустрација во соопштенијата на СДСМ, за која како што наведуваат е пропратена со страв дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат со темпо кое владата никако не може да го следи, иако имаат 1.000 пати поголем буџет.
„ВМРО-ДПМНЕ го разбира немирот во СДСМ, па еве доколку тоа им значи да кажат дека нешто е нивен проект, нека го завршат автопатот Кичево – Охрид, може и Клиничката болница во Штип, Клиничкиот центар во Скопје, гасификацијата, нека завршат се што е почнато од ВМРО-ДПМНЕ уште пред пет години, и нека речат дека е нивен проект, само нека не крадат“ е посочено во нивната писмена реакција.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од оваа партија, не ги дели ниту граѓаните, ниту проектите.
„Партиите кои се на власт менаџираат народни пари и треба да испорачаат резултат. Тоа што СДСМ нема направено ништо и се е во застој не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, а нема ниту како да им помогнеме, зошто ќе трева да не се работи ништо, за да не им се буди немир. Но еве нека стегнат заби, наскоро ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе ги изгубат, па тогаш нема да имаат фрустрација и потреба да пишуваат соопштенија за тоа кој чиј проект е, туку ќе треба пред институциите да одговорат колку народни пари имаат украдено, и за тоа да одговараат“, се потенцира во нивното соопштение.