Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска потврди поразителни состојби во градинките, позитивни се 86 деца и 26 вработени

Објавено пред

Министерката за труд, Јагода Шахпаска, на денешната прес-конференција потврди зошто политиките и протоколите на власта се целосно промашени и не даваат резултат, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во градинките до вчера имало 86 заболени вработени и 26 позитивни деца на Ковид-19. Дополнително, 484 деца се во изолација. Тоа се над 500 семејства кои се во изолација поради пропусти во протоколите што биле преземени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека предлагале ваквите протоколи и подготовки за почеток на работата на градинките да се направат посистематски и со почитување на најстрогите препораки и мерки.

„На децата и на вработените и нивните семејства им посакуваме бргу да закрепнат, а на властите да почнат што побргу со сериозен и систематски пристап бидејќи се работи за здравјето и животите на најмладите и нивните семејства“, велат од партијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Глас за Македонија: Бараме кривична одговорност за сквернавењето на спомениците од НОБ

Објавено пред

Глас за Македонија бара кривична одговорност за, како што велат од таму, сквернавењето на спомениците од НОБ.

„Бараме веднаш од Министерството за култура да ѝ одговори на македонската јавност на следните прашања: која била целта на ваквото брутално сквернавење на нашата антифашистичка борба и зошто се дозволило тоа? За какви и кои точно спомен-обележја од НОБ станува збор (20 досега, како што рече премиерот на јавен настап), кои биле заменети? Сите споменици на културата се заштитени со Законот за културното наследство, а Министерството за култура води национален регистар на нив, без разлика дали се тие од локална или од национална важност. Таа информација мора да ја има“, велат од партијата.

Од Глас за Македонија бараат Министерството веднаш да излезе со точниот список и локалитетите на заменетите спомен-обележја.

„Го прашуваме Министерството која институција/институции и кога донеле одлуки за замена? Одлуките бараме да бидат изложени пред јавноста. Зошто Министерството за култура, под чија надлежност е Инспекторатот што треба да се грижи за состојбата на спомен-обележјата, ги премолчало промените? Бараме итно враќање на спомен-обележјата во првобитната состојба. Во 21 век нема да дозволиме фалсификување на нашата, но и на туѓата историја, ниту ваков вандализам и гебелсовштина“, се вели во соопштението.

Ако веднаш ова Министерство не одговори на поставените прашања, велат од Глас за Македонија, ќе знаеме дека инженерскиот полк на Каракачанов е веќе активен на терен, се разбира, со дозвола на премиерот во заминување, Зоран Заев.

„Во овој галиматијас не може да се амнестира ниту „неинформираното“ Министерство за култура. Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство да поведе истрага по допрен глас за направените штети што подлежат под соодветни казни“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ФДМ: Во чие име преговара премиерот

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија се приклучува кон критиките и бара извинување пред македонската јвност и објаснувања за анахроните изјави на премиерот дадени во интервјуто за „Бгнес“.

„Врз основа на кои историски факти е изјавата за општа историја со Бугарија и лошoто влијание на Југославија во меѓусебното пријателство? Дали премиерот со оваа изјава ја ревидира нашата најголема историска борба, ги сквернави спомените на нашите предци и го руши асномскиот темел на македонскиот народ и држава? Ние и ден-денешен имаме живи жртви и сведоци на злосторствата од ‘бугарската администрација’. Врз основа на кој член од договорот се елиминирани некои од таблите и спомениците, кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите од ‘бугарските администратори’ кои заслужуваат да бидат прогласени за историско и културно наследство“, се вели во соопштението.

ФДМ прашува врз основа на кој член од Уставот би се донел закон за казнување за говор на омраза против странски народи и држави? Дали овој закон е дел од договорот и дали е со реципроцитет?

„Врз основа на кој член од договорот е изјавата дека немаме побарувања за малцинствата и малцински претензии. Дали се откажуваме од нив и кој е нивниот статус? Откажувањето од малцинствата е анти-ЕУ. Влезот во ЕУ има смисла само ако преку реформи се подобри квалитетот на животот на македонските граѓани и за таа цел нема потреба да докажуваме дали постоиме или не. Затоа, го повикуваме премиерот отворено и транспарентно, на чист литературен македонски јазик, како што е обврзан според законот, да дообјасни со кои историчари се советувал за изјавите дадени во интервјуто, што е договорено со Бугарија и која е цената што треба да се плати за влез во ЕУ. Исто така, му даваме историска шанса во најмала рака да му се извини на сопствениот народ доколку во кој било дел од овој процес увидел дека згрешил и да си поднесе оставка“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Лагите и невистините што ги шири антиевропската ДПМНЕ ги поддржаа едвај 200 приврзаници

Објавено пред

„Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина на државата, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста. Хистеријата што Мицкоски ја ширеше во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, во обид да се закочи државата, да стави уште една сопка, се издиша како балон“, соопшти СДСМ.

Според партијата, едвај 200 приврзаници на губитникот Мицкоски ги поддржаа лагите и невистините што ги шири антиевропската ДПМНЕ.

„Јавноста синоќа сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство, а Мицкоски доживеа да биде исвиркан на протест, што самиот го организира. Но, едно е јасно, граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ.

Граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес, кој ја држеше земјата 11 години во изолација. Затоа, Мицкоски доживеа дебакл на својот протест затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана...

Македонија2 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија2 часа

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија3 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија5 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија7 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет7 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет8 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет8 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет9 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт9 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет9 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет9 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија21 час

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија23 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа23 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион1 ден

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија1 ден

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Досие