Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги партизирал наградите „13 Ноември“

Објавено пред

Петре Шилегов ги партизирал наградите „13 Ноември“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по обвинувањата кои ги упатија од СДСМ дека новата градоначалничка Данела Арсовска не присуствувала на церемонијата на доделување што ја организира Град Скопје.

„Со потписот на Шилегов се доделила награда на Денко Малевски кој изјави дека ‘Македонците и Бугарите се ист народ’, како и тимот за имунизација на Венко Филипче кому му починаа над 7.000 луѓе од корона“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека наместо награди за достигнувања, Шилегов си направил партиска тезга од наградите „13 Ноември“.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека партијата нема да даде легитимитет на, како што велат, партиски инструирани награди.

„На Скопје му треба независна комисија која непрострасно и професионално ќе ги доделува наградите кои имаат важност и тежина“, се порачува во соопштението.

Соопштенија

Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Објавено пред

Денеска, до Централната изборна комисија кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 12 декември, поднесе Властимир Алексовски.

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е во согласност со правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

Ова се однесува на сите поднесени кандидатури, се вели во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски на средба со холандскиот амбасадор Коп

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на Александар Николоски, оствари средба со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, како и за економската состојба и евроинтеграциските процеси на државата.

Претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за состојбата на државата на економски план, катастрофалното справување на власта со енергетската криза и лошото менаџирање со здравствената криза.

Исто така, на средбата двајцата соговорници разговараа и за евроитеграциските процеси на државата.

Претседателот Мицкоски ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство на државата во Европската Унија, како и дека Македонија е предолго време во чекалницата на Европската Унија и е потребно државата што побргу да добие датум за преговори со Унијата.

На средбата претседателот Мицкоски додаде дека владата не спроведува никакви реформи во правосудството, а Македонија е лидер во Европа по степенот на криминал и корупција.

Исто така, беа потенцирани и добрите билатерални односи меѓу двете земји, како и тоа дека соработката треба да се продлабочи и негува во иднина.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ со проект преку кој граѓаните ќе ги пријавуваат проблемите во општините каде што има нивен градоначалник

Објавено пред

Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина е проект со кој граѓаните ќе можат да пријават злоупотреба на нивното право, поплака или проблем во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник, информираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму дообјаснуваат дека ќе биде формиран посебен тим од професионалци од партијата, но и од експерти кои не се дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат дел од тоа тело до кое граѓаните ќе можат да ги испраќаат своите поплаки и проблеми, злоупотребите кои би биле направени, да посочат на неправилности, но и да дадат пофалба каде што треба.

Преку овој проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе можат да даваат оценка за реализација на програмата што им била ветена од страна на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните очекуваат реализација на ветеното. Овој проект ќе биде пресликан и на централно ниво по преземање на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се нагласува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакнуваат, силно ќе се бори против секоја злоупотреба на граѓаните, владеењето на правото и реализација на проектите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска се очекува sо два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа...

Свет10 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа12 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион13 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет14 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија17 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа20 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија20 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија22 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа23 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија23 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет24 часа

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија2 дена

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија2 дена

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Досие