Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов му остави долг на Градот од 160 милиони евра и мост во Аеродром со 100-ина нерешени имотно-правни односи

Објавено пред

Шилегов му остави долг на Градот од 160 милиони евра и мост во Аеродром со 100-ина нерешени имотно-правни односи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„160 милиони евра долг се кон веќе склучени договори за јавни набавки, договори во тек на склучување и заеми што Шилегов ги зел. Расипникот Шилегов аматерски и непрофесионално се однесувал со сѐ. Дури и проектот за мостот во Аеродром, со кој се фали, е неиспланиран.

Мостот АСНОМ од Аеродром кон Гази Баба е еден од 100-ината, има само 18 решени предмети за исплата на земјиште. 12 предмети уште се во постапка, без согласност за цена, 25 предмети во подготовка, 11 предмети со повеќегодишни имотно-правни спорови меѓу сопствениците, 44 имоти имаат постапки со барања за приватизација, 16 имоти имаат утврдено корисничко право.

Сите овие постапки ќе траат со години, а средствата на скопјани, наместо да се наменат за конкретни проекти во инфраструктура, водовод, канализација, заштита на животната средина, треба да бидат заробени затоа што Шилегов и СДСМ почнувале проекти без каков било конкретен план знаејќи дека не може да се реализираат уште 10 години“, наведуваат од опозициската партија.

Од таму додаваат дека на Скопје му требаат реални проекти и многу работи, а тоа, како што велат, го немало со Шилегов.

Соопштенија

Град Скопје: И да сакаме, не може да бидеме одговорни за проблемот со парното

Објавено пред

Навистина сме зачудени од континуираните напади на СДСМ кон Град Скопје и градоначалничката Арсовска за енергетската криза и проблемите што произлегоа во врска со греењето на скопјани, се вели во реакција од градските власти.

„Навистина е неодговорно однесувањето на оваа партија и на централната власт, која наместо да се зафати за решавање на овој проблем, со недели се обидува овој проблем да им го наметне на Град Скопје и на локалните самоуправи.

Град Скопје, и да сака, не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика, фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата“, се наведува во реакцијата.

Во неа се објаснува дека Градот нема на располагање средства колку што има Владата, ниту има инфраструктура и ингеренции што ги поседува Владата за да го реши овој проблем.

„Поради неодговорното однесување на централната власт и несериозниот пристап кон енергетската криза, сегашните мерки што ги предлага и презема централната власт доцнат речиси половина година, кои, за жал, веќе придонесоа за распространување на кризата и поскапувања на сите енергенти, прехранбени продукти и сличнно“, посочуваат од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

За викенди и на државни празници бесплатен паркинг кај Домот на печатот

Објавено пред

Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ ги известуваат граѓаните дека поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б (Дом на печат – Средно Водно), за време на викендите (сабота и недела) и на државни празници на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати.

Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и на државните празници ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

Град Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да ги чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да прекине да опструира, избори нема да има

Објавено пред

И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност. Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија13 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет13 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет14 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија16 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија17 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија19 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет19 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија20 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија20 часа

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет22 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет22 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт22 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа23 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија2 дена

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија2 дена

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија2 дена

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија2 дена

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет2 дена

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Досие