Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека е подготвен за снегот, а загадениот воздух не го ни спомнува

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, тоа е работа што Град Скопје треба да ја врши редовно затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешните активности на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
„Тој се фали дека е спремен за снег во ситуација кога има најмалку четири општини во градот Скопје во моментот во кои загаденоста е на највисоко ниво. Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз што повеќето од граѓаните на Скопје не може да си го дозволат, па се принудени да се задушуваат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици врз животот од нечистиот воздух за што Шилегов нема мрднато со прст“, се наведува во соопштението од политичката партија.
Во него се додава и дека актуелниот градоначалник не реализирал ниту еден од проектите што им ги ветил на скопјани.
„Урбанистичкото насилство продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, сè повеќе има сообраќаен метеж, а ветувањата за град без смог останаa во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше против НАТО

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против државните интереси и се обидува да ги дискредитира институциите и да го наруши угледот на државата и на армијата, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, срамот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ кое правеше сè за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не собра сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридецениската стратешка цел на Република Северна Македонија. Токму Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ велат дека ДПМНЕ ја држеше земјата 11 години во изолација, ги држеше војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови.
„Војниците сега од глава до петици се облечени во ново. За три години три пати се зголемени примањата во армијата. Примањата на војниците и подофицерите, заедно со додатокот за станбено обезбедување се зголемени за 50%, а на сите цивилни лица платите им пораснаа за најмалку 26%. Срамно е темата за НАТО да ја злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја“, пишува СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: НАТО им удри дипломатска шлаканица на Шекеринска и Пендаровски

„Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2,5 години нема воен претставник во седиштето на НАТО затоа што НАТО го одби кандидатот што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО-филтрите говори дека власта го руши угледот на државата.
„Ова отвора и ново прашање – дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја што не е стратешки партнер на Македонија? Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица што им ја удри“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Пописот е важна статистичка операција, повикот за бојкот е повик за кршење на законите

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис во согласност со меѓународните стандарди и прописите на Евростат. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно“, соопшти СДСМ.
Според партиите, бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Мицкоски, значи и повикување на кршење на законите.
„Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот. Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот. Победници од пописот ќе бидат граѓаните, компаниите, институциите, кои конечно ќе имаат на располагање точни и веродостојни податоци, неопходни за планирање, креирање политики и стратегии. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување попис во согласност со меѓународните стандарди и пракси“, се вели во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира