Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: 200 илјади евра за новогодишно украсување, Шилегов да ги донира за лаптопи за учениците

Објавено пред

Кога градот Скопје е најпогоден град од корона-заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

„Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди“, се додава во соопштението.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бара прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно онлајн наставата.

„Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје. Потсетување, за само неколку години се потрошени половина милион евра за новогодишни прослави“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека на Скопје му треба градоначалник, а не шминкер.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Половина раководство на СДСМ бара смена на Заев и се срами од него

Објавено пред

Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што половина раководство му бара смена и се срами од него, наместо да врши дефокус од распродавањето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денес СДСМ порача дека Мицкоски успеал најбогатата партија во Европа да ја доведе до стечај.

„За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Рускоска обвинителството за притисоците и уцените кои ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се предупредува дека на повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде, како што се вели, се распродава идентитетот, јазикот, историјата.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски успеа најбогатата партија во Европа да ја доведе до стечај

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, кое е седиште на опозициската партија, велат од СДСМ.

„Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим“, посочуваат од владејачката паритја.

Според СДСМ, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите.

„Со кој образ губитникот Мицкоски бара доверба од граѓаните, бара пристап до народните пари, кога не може домаќински да ја води ни својата партија. На врата му тропаат извршители, а сметките му се блокирани“, велат од СДСМ од каде констатираат дека Мицкоски на може да води држава, бидејќи успеал дури и најбогата партија во Европа да ја доведе до стечај.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократски сојуз: Бугарија сака да му наметне бугарски корени на македонскиот народ, да не се брза со преговорите

Објавено пред

Демократскиот сојуз, врз основа на анализата на актуелните односи помеѓу Македонија и Бугарија, оценува дека бугарските барања се сведуваат на три клучни работи: прво, да прифатиме дека корените на македонскиот народ се бугарски, второ, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и трето, дека во Бугарија нема Македонци.

„За да ги оствари овие цели, Бугарија ја блокира Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија. Тоа е класична уцена и нема поголема навреда за еден народ да се негира или да се тврди дека тој е вештачка творба и да се употребуваат други потешки квалификации кои не е пристојно ниту да ги споменеме. Впрочем, бугарскиот премиер Бојко Борисов за влијателниот ‘Франкфуртер алгемајне цајтунг’ призна од што се плаши – од признавање на македонското малцинство во Бугарија“, се наведува во партикото соопштение.

Демократскиот сојуз му препорачува на преговарачкиот тим на Македонија јасно, гласно и недвосмислено да му соопшти на бугарскиот државен врв дека македонскиот народ е посебен и дека живее и опстојува на овие простори со векови, дека македонскиот јазик е автентичен, како и дека во Бугарија живеат Македонци.

„Ако се тргне од тие позиции, тогаш може да се разговара за други прашања и да се дадат гаранции дека немаме никакви територијални барања и претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, дека сакаме да се олесни движењето на граѓаните (границата да се минува само со лични карти), инфраструктурно да се поврземе, да се отвориме за слободно движење на капиталот, да ја продлабочиме соработката во областа на безбедноста и одбраната, здравството, образованието, туризмот итн. Малцинствата во нашата земја и Македонците кои живеат во соседните држави треба да се мост за подобро меѓусебно разбирање и почитување на различностите“, објаснуваат од партијата на Павле Трајанов.

Затоа Демократскиот сојуз повикува на претпазливост за какви било нови договори или „патокази“ кои на каков било начин долгорочно ќе го доведат во прашање македонскиот идентитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Утре блокади пред Владата и пред МНР

Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската...

Регион2 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија3 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет4 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија8 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија9 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа9 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија9 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија10 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија10 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет11 час

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија12 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија12 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион12 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион12 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија13 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион14 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион14 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет14 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија15 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Досие