Соопштенија
Воислав Димитровски нов в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го постави Воислав Димитровски за в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка“.
Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување систем за контрола на популацијата на кучиња.
Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот Реон на Македонија.
Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија.
Досегашната в.д. директорка Тина Петрушевска е разрешена од функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
РЕС одбележува една година постоење – Компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.
РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.
РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.
РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.
(ПР)
Соопштенија
Ковачевски: Не трошиме за милионски жални врби, галии, стиропор туку го унапредуваме здравството

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, каде е комплетно реновиран првиот спрат за интензивна и постинтензивна нега на Клиниката, вклучувајки ги кабинетите за дијагностика и интервенции.
„Најтешко болните пациенти од целата држава кои имаат потреба за болнички третман на Клиниката за гастроентерохепатологија отсега ќе престојуваат во достоинствени услови и ќе добиваат современи медицински услуги.
Пациентите кои имаат потреба од дијагностика и интервенции, ќе бидат прегледувани и третирани во новоопремени кабинети за дијагностички и интервентни процедури. Ова е прво вакво реновирање, откако е формирана Клиниката за гастроентерохепатологија“, рече премиерот Ковачевски.
Реновирањето е во најголем дел финансирано од Владата на САД, конкретно од Командата на Соеднинетите Американски Држави за Европа, во вредност од над 400-тини илјади американски долари, наменето е за граѓаните на Република Северна Македонија, а е реализирано во соработка со Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар во Скопје.
„Преку истата оваа програма за хуманитарна помош од САД, знам дека се прошируваат и капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.
Односно, околу 14 милиони долари во изминативе 13 години е поддршката преку оваа американска програма за хуманитарна помош во здравството, образованието и за менаџирањето со кризи. И ова е вистинско пријателство на дело.
Република Северена Македонија е на вистинскиот колосек, имаме искрени и вистински пријатели од меѓуанродниот демократски свет и ете ова значи да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница“, рече Ковачевски.
Амбасадорката на САД во државава, Ангела Агелер, порача дека oваа поддршка е како за пациентите, така и за посветениот медицински персонал на клиниката, којшто работи добро и на посветен начин.
„ Целиот спрат на Клиниката е целосно реновиран и значително го подобри не само нејзиниот капацитет, туку и нивото на услуга што им ја дава на граѓаните.
САД, ЕК донираат 400.000 долари за реновирање и тоа е само уште еден пример за долгогодишната посветеност што ја направивме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да изгради доверба и квалитет во институциите“, рече Агелер.
На амбасадорката Агелер и се заблагодари и директорката на Клиниката, Калина Гривчева-Сарделова, која истакна дека пред неколку години е реновиран третиот спрат на Клиниката, каде, во амбулантниот дел е отворен и Центар за болести на црн дроб.
„Што значи дека денеска означуваме комплетно завршување на еден процес и може да кажеме дека имаме најсовремени услови за работа што одговараат за терцијарна здравствена установа, којашто е единствена од овој вид во нашата земја.
Проектот за реконструкција кој го завршивме е голем и значаен, бидејќи ова е негово прво темелно реновирање откако е изграден објектот на Интерните клиники, пред повеќе од 60-тина години.
Клиниката за гастроентерохепатологија е доказ дека кога се сака се може, со заеднички пристап и меѓусебна поддршка на сите вработени“, рече директорката Гривчева-Старделова.
Премиерот, во обраќањето посочи и на повеќе значајни инвестиции на Владата во здравството во текот на минатата година.
Во изминативе 5 години рече тој се поставени најсовремени компјутерски томографи и магнетни резонанци во повеќе болници низ државата; после 15 години, на Клиниката за уво, нос и грло набавени се нови апарати; нов рентген апарат наменет за снимање во детската болница Козле; нова опрема за Клиниката за детски болести; нов ехо апарат на Клиниката за детска хирургија; нова медицинска опрема за Специјална болница за гинекологија и акушерство – Чаир; нови апарати за неонатолошките интензивни одели на Клиникита за гинекологија и акушерство во Скопје; нова апаратура за унапредување на работата во очното одделение во Клиничка болница Битола; нов апарат за рана дијагностика на оштетувања на слухот кај новороденчиња во Општа болница Куманово; реновиран е Одделот за онкологија на Универзитетската клиника за детски болести во рамки на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, набавени се нови возила за Итната медицинска помош во Скопје, возила за интерклинички транспорт на пациенти, за лица со попреченост.
Воведени се укинати квоти за лекови на рецепт. Зголемена е основната плата на лекарите специјалисти за 40 проценти; на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20 и 23 проценти; на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти.
Зголемени се коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници – за некои типови на дежурства – за два до три пати за викендот.
Зголемени се капитациите за матичните лекари.
„Овде сме за да порачаме дека здравството продолжуваме да го унапредуваме со засилено темпо. Ние не трошиме за милионски жални врби, галии, стиропор. Ние ги насочуваме парите кај граѓаните. Ние се грижиме за потребите на граѓаните!“, порача Ковачевски.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, ја поздрави значајната поддршка од Амбасадата на САД и рече дека Владата останува посветена на унапредувањето на здравствениот систем.
„Работиме на подобрување на условите за лекување на пациентите, осовременување на инфраструктурата, реорганизација и подобрување на услови за вработените. Токму инвестирањето во сите региони подеднакво е мој фокус и развивање регионални центри низ државата, за што имаме изготвено детален план за реорганизација на здравствениот систем“, рече Меџити.
Ковачевски, нагласи дека целта на Владата е европски квалитет на живот на граѓаните и со вистинските пријатели како САД и од Европа, за Република Северна Македонија, достижна е и оваа стратешка цел.
Економија
СДСМ: СДСМ покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани. Во време кога државата сè уште се соочува со последиците од глобалната економска криза, СДСМ обезбедува раст на платите и пензиите. Пензиите од овој месец се покачуваат рекордни 8,4 отсто, со што просечната пензија се зголемува над 1.500 денари. Минималната плата од март годинава изнесува 20.175 денари, што е зголемување над 2.000 денари од досегашната минимална плата, која изнесуваше 18.000 денари, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека додека СДСМ како одговорна партија го унапредува животниот стандард на граѓаните, покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира сè што е во интерес на народот. Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 8.800 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи. ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците, партија што во изминатите години блокира и сè уште блокира закони во интерес на граѓаните, се вели во соопштението.