Контакт

Соопштенија

В недела протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

Објавено пред

СДСМ ги потценува граѓаните на Македонија мислејќи дека криминалот ќе може да го прикријат со измислена поделба на народот, дека некој е „за“, а некој „против“ НАТО или ЕУ во зависност од тоа дали го поддржува или не штетниот и капитулантски договор на Зоран Заев со јужниот сосед, велат во ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

„СДСМ не може никого да манипулира дека европска вредност е делење милионски крвави тендери во Министерство за здравство и тендери на фирми, без никакво искуство, кои постојат помалку од еден месец. СДСМ и Заев, за да го прикријат грабежот што ѝ го прават на Република Македонија, се обидуваат да го поделат народот на проевропски и антиевропски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека сите оние што се противат на договорот со Грција и распродавањето на државните и националните интереси, СДСМ и Заев ги етикетираат како антиевропски граѓани.

Капитулантскиот договор што СДСМ го потпиша со Грција и се обидува да го протне зад маската со евроинтеграциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, значи бришење на македонскиот идентитет, менување на Уставот, нацијата, македонската култура, историјата и на традицијата.

Откажувањето од сè што е македонско и од македонското малцинство во соседството не е проевропски чин, посочуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ преку своето соопштение ги повика сите граѓани да им се придружат на протестниот марш што го организираат во Кичево в недела со почеток од 13 часот кај кружниот тек кај автобуската станица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Објавено пред

Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија.

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“.

Највисоките награди на натпреварот ги понесоа вината Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022. Притоа, Barovo Rosé 2024 освои двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, а Vranec Luda Mara 2022 освои златен медал и Гран-при награда за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.

Останатите наградени вина се: Bela Voda Red 2021, кое освои двоен златен медал, Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои освоија златни медали и Barovo Red 2021, кое освои сребрен медал.

„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност, како кон квалитетот, така и кон создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, истакнуваат од „Тиквеш“.

Винскиот натпревар SAKURA е специфичен по својот уникатен пристап во кој вината ги оценуваат повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и вински експерти од Јапонија, со особен фокус на нивната компатибилност со азиската гастрономија. Со над 4.000 вина пријавени секоја година, овој натпревар претставува релевантна платформа за позиционирање на вината на еден од најдинамичните светски пазари.

Со овој резултат, „Тиквеш“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од најрелевантните вински производители од регионот и значаен претставник на имиџот на македонското вино на глобалната сцена.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

За зелена иднина – Mozzart повторно засадува надеж!

Објавено пред

Mozzart по втор пат реализира голема еко акција и ја потврди својата посветеност кон здрава животна средина.

Овој пат, вработените со заеднички сили засадија 2990 садници во селото Кучково, на површина која беше зафатена од пожар.

Во соработка со ЈП Национални Шуми, беа засадени даб, црн бор, јасен и багрем – симбол на нов живот и свежа енергија.

„Со оваа акција не само што придонесуваме за пошумување, туку и градиме зелена иднина за новите генерации. Тимската енергија и заедништвото уште еднаш покажаа дека Mozzart е победнички тим – и на теренот, и во општествената одговорност,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

За својата заложба, компанијата доби благодарница од ЈП Национални Шуми – признание за искрена грижа и вложен труд.

Mozzart со вакви акции ја зацврстува својата лидерска позиција и испраќа силна порака: кога работиме заедно, создаваме подобро утре.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Ај реално“ – HALK EZ караван на кој ќе се слуша гласот и изборот на младите

Објавено пред

Од

Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ – иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе разговара со средношколците на теми блиски до нивната реалност. Модератор на средбите ќе биде младиот актер Дејан Димоски.

„Ај реално“ не е класично предавање. Наместо тоа, средбите се замислени како отворен разговор, каде младите не се само слушатели, туку активни учесници. Преку лични приказни, искуства и интеракција, се отвораат теми што секојдневно ги засегаат – притисокот од околината, стравот од погрешни избори, дилемите околу иднината и првите чекори кон самостојноста.

Во време кога од младите се очекува да имаат одговори, „Ај реално“ тргнува од поинаква перспектива – дека е во ред да не си сигурен, но да имаш храброст да го пронајдеш сопствениот пат. Наместо да наметнува решенија, иницијативата отвора простор за прашања, размислување и личен избор.

За Кики, како една од бренд амбасадорите на Халк, ова е голем и искрен предизвик да се сретне со свои врсници и заедно, искрено да рушат бариери и предрасуди.

– Важно е да сме искрени и да разговараме. Ние припаѓаме на генерации што многу повеќе време поминуваат онлајн, отколку во живо. А тој контакт сфаќаме се повеќе дека ни е многу потребен. Да си се погледнеме во очи, да се прегрнеме, да си споделиме дека ни се случуваат слични работи, дека не е најстрашно нешто што ни се случува, да сфатиме дека не сме единствени. Како правиме избори? Колку е важно низ грешки да учиме? Да разговараме искрено? Колку често си го слушаме сопствениот глас? Ова се важни прашања што ќе се обидеме да ги отвориме низ караванот „Ај реално“. Се радувам на претстојните средби со моите врсници – вели Мукаетова.

Со караванот „Ај реално“, Халкбанк дава порака дека младите не треба да бидат само слушатели, туку гласови што се слушаат. Оваа иницијатива е дел од пошироката посветеност на банката да создава вредност за младата

генерација, не само преку финансиски производи, туку и преку поддршка на нивниот развој, самодоверба и право на избор.

Караванот ќе продолжи во повеќе градови низ Македонија, со цел да допре до што повеќе млади и да поттикне отворен дијалог за теми што ги обликуваат нивните одлуки и иднина.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет49 минути

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет1 час

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет1 час

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија2 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...

Спорт2 часа

Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство

Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот особен придонес во афирмирањето...

Македонија2 часа

Минчев – Маричиќ: Зајакнување на институционалната соработка и координацијата

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на...

Спорт2 часа

(Видео) Момент за историја и легенда, „Метрополитано“ му пее на Гризман

Во два исклучително драматични натпревари, Атлетико Мадрид успеа да ја елиминира Барселона во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. По завршувањето...