Контакт

Соопштенија

ГДУ: ДПМНЕ не знае кај тера

Објавено пред

ДПМНЕ очигледно дека не знае кај тера. Се изгуби во ставови и тези. Прецизно математички пресметува за да ѝ соопшти на нацијата дека ништо не пресметала, велат од ГДУ. Во клучен момент за земјата, додаваат од партијата, ДПМНЕ не покажа став и одговорност за најважното прашање.

„Господине Мицкоски, го уништивте институтот референдум, најдемократскиот начин за третирање на проблемите и интересите на граѓаните. Ако договорот со Грција е најштетното нешто како што тврдите и ја обезличува Македонија, тогаш од почетокот ќе влезевте во битката и на фер начин ќе се боревте против договорот. Но, вие тактизиравте. И продолжувате така. Неодамна го повикавте народот да ве следи, па ве прашуваме сега кого да следи? Што да следи?“, прашуваат од ГДУ.

Според нив, јавноста од Мицкоски очекувала јасен став во однос на прашањето за референдумот. Мора да бидете свесни дека не ви успева да нè убедите оти вашата одлука е демократски став. Вашата одлука е немање храброст“, велат од ГДУ.

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Голем интерес за акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 граѓани посочија на проблеми

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва оствари средба со граѓаните од Кисела Вода, на која порача дека партијата почнува нови активности, поради, како што кажа, големиот интерес во државата во врска со акцијата и теренските активности што ги води ВМРО-ДПМНЕ.

„Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд, секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани, пречекани од страна на активистите, да можат да ги запишат, односно да ги сослушаат граѓаните кои се нивните проблеми во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија нагласи дека досега повеќе од 15.000 граѓани, директно или индиректно, ги артикулирале своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ.

„Од викендот практично почнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она коешто претставува реален проблем што е дел од нивното секојдневие“, нагласи Мицкоски и додаде дека очекува од СДСМ набрзо да се охрабрат и да излезат на предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пензиите растат и ќе продолжат да растат, а ВМРО-ДПМНЕ лицемерно лаже

Објавено пред

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Слаѓана Митовска од опозициската партија која кажа дека ќе поднесат предлог-закон за зголемување на пензиите.

Од СДСМ, пак, велат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги усогласувала надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори.

„Денес пензиите се усогласуваат согласно Закон, двапати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своите изјави покажуваат само безидејност и лицемерие.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат на страна

Објавено пред

Не само што се против евроинтеграциите и членството во НАТО, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дури и навиваат против напредокот, велат од СДСМ како реакција на изјавата на портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски, кој обвини дека Македонија ја тресат скандали и афери поврзани со, како што кажа, политичкото дејствување на Зоран Заев.

Од владејачката партија, пак, објаснуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и НАТО и против реформите.

„Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна. Без разлика, колку и да се против ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува по вистинскиот, правиот пат на развој, напредок и инетграција“, посочуваат од СДСМ, додавајќи дека патот на ВМРО-ДПМНЕ води само кон обнова на криминалот и режимот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа19 минути

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 час

Сараево: Малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и нејзината мајка под...

Свет1 час

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа2 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија12 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија14 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија16 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа17 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија19 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија20 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија20 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија21 час

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет22 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион23 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија23 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет1 ден

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет1 ден

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион1 ден

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа1 ден

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Досие