Контакт

Соопштенија

ГДУ: Погрешното знаме за пречекот на Курц е дипломатски скандал

Објавено пред

Тоа што денеска се случи пред македонската влада со пречекот на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој беше пречекан со погрешно знаме е дипломатски скандал во европски размери, смета ГДУ.

„Вакво нешто е недозволиво и за ваква грешка премиерот Зоран Заев треба да бара одговорност од протоколот. Срамно е за една држава и влада да организира пречек на странски државник со туѓо знаме. Македонија е вест број еден и на странските медиуми, но наместо со некој позитивен пример, ние сме главна вест со дипломатски скандал“, велат од партијата.

Од таму апелираат утре пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел пред да се постави германското знаме на јарболот добро да се провери, протоколот да не го замени со белгиското.

Соопштенија

„Единствена Македонија“ ѝ го честита на Русија 23-ти февруари

Објавено пред

Единствена Македонија упати честитки до народот на Русија по повод 23 февруари – Денот на бранителот. Од партијата на Јанко Бачев велат дека овој празник е врежан во меморијата на рускиот народ и не случајно на овој ден цела Русија се сеќава на руските херои кои ја бранеле својата татковина.

„Сакаме да го увериме рускиот народ дека ние Македонците како пријатели и партнери на Вашата голема нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжиме да ги подржуваме руските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот“, вели партијата во честитката.

Единствена Македонија додава дека  придава исклучиво значење на стратегиското партнерство со Русија, а заложбата за неговото остварување претставува посебен интерес за нив, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Република Македонија.

„Во нашите 28 години независност, Република Македонија се соочува со неоколонијалната политика на НАТО во содејство со домашните марионетски власти со изгубено национално чувство. Затоа, народот на Македонија е особено благодарен на Русија за почитување на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се додава во честитката на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжи СДСМ да вработува роднини за дебели хонорари платата ќе расте

Објавено пред

Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува, реагира ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ за порастот на просечната плата.

„Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт. Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата“, наведува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Мицкоски да се извини за провидниот театар пред болницата „8 Септември“

Објавено пред

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата „8 Септември“, рече на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што објасни Костадинов, Мицкоски прво рекол дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата на Јанакиески, а по само неколку секунди признал дека тоа не е точно.

„Порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави. Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор“, истакна портпаролот на владејачката партија.

Тој посочи дека истрагата за овој, како што го нарече, инцидент ќе ги даде сите одговори.

„Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоски и Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април“, рече Костадинов и додаде дека граѓаните нема да дозволат Мицкоски да создаде нови кризи, поделби и тензии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека...

Регион34 минути

(Видео) Силно невреме го погоди Балканот: Летаат контејнери, паѓаат дрва, хаос во сообраќајот

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува...

Македонија1 час

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ2 часа

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ2 часа

Aвтомобил се преврте во река, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет3 часа

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Македонија5 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток18 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет20 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ21 час

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија22 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата22 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија22 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија23 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток24 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија1 ден

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија1 ден

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Досие