Контакт

Соопштенија

ГДУ Штип: Голема нехигиена и хорор-сместувачки капацитет во бањата „Кежовица“

Објавено пред

Потпретседателот на Граѓанско-демократската унија – Штип, Марјан Михов, на прес-конференција постави неколку прашања во врска со долгогодишниот проблем за бањата „Кежовица“ во Штип.

„Би сакале да прашаме до кога елитните политичари ќе го потценуваат својот народ? Дали не мислат дека е време да застанат црвсто зад кажаниот збор, зад своите ветувања и, секако, да разберат дека народот сака дела, а не празни ветувања. Општина Штип има една тажна приказна. Тоа се природните ресурси, кои ја претставуваат автентичноста на нашиот град, кои не само што не се искористени туку се фрлени во болно минато и заборав. Термоминералните извори на бањата ‘Кежовица’, како и Центарот за рехабилитација, веќе долго време е далеку од видот и слухот на надлежните“, изјави тој.

Според Михов, овие извори на лековита вода се дел од секојдневието на граѓаните што имаат потреба од терапија и рехабилитација.

„Ужасните простории, големата нехигиена, како и хорор-сместувачкиот капацитет, се само дел од таа тажна приказна. Бог нè дарувал со богатство, но залудно бидејќи личниот интерес е, пред сѐ! Би сакале да го прашаме политичкиот врв кога последен пат бил во бањата ‘Кежовица’? Дали своите деца или блиски роднини би ги испратиле на рехабилитација и уживање во благодетите и лековитите својства во Кеживица?Дали размислуваат да стапат во акција за искористување на даденото од природата или сето ова им е далечно и туѓо, па затоа дојдовме до ова дереџе? Штип има туристички потенцијал, но прашањето е дали имаме вистински луѓе на вистински позиции?

Примерите од соседството велат дека инвестиција во спа-туризмот овозможува економски раст и развој на еден град, на цел регион, но и на државата. Додека сите во светот сонуваат за вакви природни ресурси, ние сѐ уште будни замижуваме пред даденото од Бога. Како заклучок, би ги замолиле претставниците на ДПМНЕ и СДСМ да не се обвинуваат едни со други за состојбата на „Кежовица“ и на рехабилитациониот центар бидејќи повеќе од 28 години ништо не направија и едните и другите. Ние од ГДУ не бараме виновник, бараме спас и развој за „Кежовица“. Бараме модерен проект, кој ќе ги заживее градот Штип и Ново Село, ќе донесе туристи, работни места и економски раст“, додаде тој.

Соопштенија

Заев: Горчината кај граѓаните е голема, во судството е потребен целосен ветинг

Објавено пред

Потребен е целосен ветинг во судството, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Велес.

„Создадовме соодветен амбиент, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години“, истакна Заев.

„Овде од Велес кажувам тоа што веќе беше објавено – целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството“, рече лидерот на владејачката партија.

Тој додаде дека горчината кај граѓаните е голема и тие со право реагираат и порача оти никој нема да се спаси од одговорност.

„Целата вистина ќе ја дознаеме и на крај сите ќе си одговараат. Никола Груевски е главата на криминалните дела, тоа треба да го докаже судот. Ако народот прави притисок на министрите, на сите, треба и судството да работи. Мора да си ја средиме државата“, порача Заев.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Четврто Собрание на Форум на жени на ДОМ: Најмалку 50 отсто жени во сите органи на партијата

Објавено пред

Претседателката на Клубот на пратенички, Ѓулумсер Касапи, пратенички, претставнички на женските организации на политички партии и невладини организации и 118 делегатки присуствуваа денеска на Четвртото изборно собрание на Форумот на жени на зелената партија ДОМ.

Касапи го поздрави Собранието истакнувајќи го огромниот придонес на ДОМ за унапредување на правата на жените.

Потенцираше дека само преку заедничка борба на сите жени може да се постигне унапредување на родовата еднаквост и прогрес на општеството.

Пред присутните се обрати и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Таа го промовираше принципот 50+%, односно најмалку 50% жени во сите органи на ДОМ, по примерот на Европската зелена партија.

„ДОМ веќе го применува овој принцип, со жена претседателка во тек на 14 годишното функционирање на партијата, 2 жени од 4 потпретседатели и 53% жени во сегашниот состав на Извршниот одбор на партијата. Во следниот период, Форумот на жени ќе се залага за реализирање на принципот 50+% жени и во Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ, во чиј сегашен состав 46% се жени, како и на избирачките листи за пратеници и советници, при избор на градоначалници и министри и членови на управни и надзорни одбори“, се наведува во партиското соопштение во врска со настанот.

Претседателката на ДОМ се осврна и на родовата перспектива во борбата против климатските промени.

„Климатските промени несразмерно повеќе ги погодуваат жените, кои поради неповолната социо-економска положба немаат можност да превземат мерки за адаптација. Жените се позагрижени поради климатските промени, но и поспремни за таа цел да ги менуваат потрошувачките навики. Неопходна е поголема вклученост на жените во носењето одлуки поврзани со климатските промени. Ефикасна климатска акција е невозможна без обезбедување социјална правда и родова еднаквост”, истакна Морачанин.

Пратеничката и поранешна претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска изрази гордост што на политичката сцена стапува веќе четврта генерација жени лидерки од ДОМ.

Пред присутните таа ги сподели искуствата од Самитот во Најроби, во контекст на унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на жените.

Собранието заврши со избор на новото раководство на Форумот на жени на ДОМ.  За претседателка беше избрана Силвана Кржовска, за потпретседателки Нада Пешева и Марија Скуманова, а за организациона секретарка Ивана Здравевска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Откако Заев е на власт, организирани се само криминалот и корупцијата

Објавено пред

Заев е уплашен политичар во заминување, кој единствено се грижи само за сопственото бoгатство, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Лентата му е заглавена на лажење, па повторно ги манипулира граѓаните со нови лаги од типот само што не дошлe инвестициите на Гугл, Фејсбук, Фолксваген, 300 пилоти, чист воздух и слично. Но, веќе никој не му верува. Патот на Македонија на чело со Заев води кон амбис“, се наведува во партиската реакција.

Како што се додава во неа, поради неуспесите на Заев, економијата е во колапс, а здравството пропаѓа.

„Тој се обидува со кавали, баклави, тепсии и слични флоскули да ги замајува граѓаните, додека во меѓувреме бизнисот со марихуана цвета, се богатат фирмите од картелот на власт, фирмите на Жути добиваат тендери, а фрчи рекетот во ‘Луј Витон’ торбите. Ова се случува додека петстотини илјади граѓани живеат во сиромаштија, младите забрзано се иселуваат, а целиот систем се урнисува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните веќе се свесни оти со Заев на власт единствено што е организирано во државата се криминалот и корупцијата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа13 часа

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија15 часа

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа16 часа

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ19 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ19 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ21 час

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ22 часа

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт23 часа

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија23 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион23 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион24 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион1 ден

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија1 ден

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет1 ден

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија2 дена

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 дена

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија2 дена

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 дена

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Досие