Контакт

Соопштенија

Глас за Македонија: Институциите им припаѓаат на граѓаните, не на партиите

Објавено пред

Спроти најавените смени на најмалку 25 директори на јавни претпријатија со нови партиски поданици, партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија, најостро реагира на, како што вели, овој вулгарен принцип со кој сите наши институции остануваат заробени во рацете на владејачката коалиција.

„Со овие девијантни практики на владеење, Владата само нè оддалечува од ЕУ и нè внесува во кругот на земји каде владеат султани.

На оваа Влада полесно ѝ беше да обезличи еден цел народ, одошто да направи клучни реформи во политичкиот систем кој нè уништува по секоја основа. На оваа Влада полесно ѝ е да се моли и ведне ‘рбет пред институциите на ЕУ, одошто да спроведе на вистински начин суштински реформи од кои граѓаните ќе се чувствуваат еднакви и слободни.
На оваа Влада не ѝ паѓа на ум да ги спроведе препораките на Прибе, во кој се крстеше кога беше опозиција и заробените институции не ги вадеше од уста. Клучна забелешка во тој извештај беше токму грубата и невидена партизација на институциите.

Партија не смее да именува, ниту да разрешува директори на јавни претпријатија кои им припаѓаат на сите граѓани. Секој граѓанин, без разлика на која партија припаѓа или, пак, воопшто не припаѓа, мораат да имаат еднаква шанса за пристап до јавните претпријатија, а квалификациите и искуството со системите мораат да бидат единствен критериум за негов избор на отворен конкурс.

Глас за Македонија ветува дека кога ќе дојде на власт, веднаш ќе ги промени законите кои се правени да се легализира кражбата на институциите кои се од јавен интерес. Никогаш повеќе партиите на власт нема да можат да поставуваат свои луѓе. Институциите им припаѓаат на граѓаните, не на партиите. Јавниот интерес мора да биде над партискиот“, велат од партијата на Грчева преку соопштение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: Во патишта, водовод и гасовод во Пелагонискиот регион се инвестираат 146 милиони евра

Објавено пред

Во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра, соопшти владејачката СДСМ.

„Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како и изградбата на пругата од Битола до Кременица. Како дел од од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри ,инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново.

Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.

Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата на постоечката делница од Фариш до Дреново, проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.

Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како и изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.

За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија

Објавено пред

„Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација.Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување.Доколку првиот човек во владата и партијата лаже и манипулира, таквото однесување го следат сите негови соработници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, затоа гледаме како медиуми од Албанија објавуваат снимки за корупција на владините функционери, а италијански медиуми ги разобличија првите соработници на Заев. Практично ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија.

,,Тоа е причината зошто Русковска обвинителството не ја откри целата мрежа која што постои за да се изнудуваат пари од бизнисмените.Се губеа телефони, се форматираа компјутери, се одолговлекуваше истрагата. Таа не може да биде кредибилна кога лицата кои што може да влијаат на докази и на сведоци се уште се на функциите во владата.Зошто Заев не е повикан во обвинителството иако беше спомнат во исказот на еден од жртвите во „Рекет“?

Пазар има и јавноста е свесна дека за помали казни Катица и Боки ќе молчат, а Русковска и Јовески ќе продолжат со контрадикторните изјави, ќе забошотуваат и ќе се спогодуваат, се со цел да не се дојде до главата на криминалниот октопод и да се спаси Заев.На Македонија не и е потребно обвинителство и судство на копче кое се стиска од владата. На Македонија и се потребни суштински реформи, решавање на корупцијата која е во огромни размери откако е СДСМ на власт. Потребна е одговорност за корумпираните политичари и правда за невидениот историски криминал што се случува во државата.Правдата доаѓа заедно со обновата на Македонија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Сечењето дрва кај Горица е катастрофален нееколошки потег

Објавено пред

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ветија зголемување на зелените површини, а веќе извесен период се вршат масовни сечи на здрави дрва во градот. Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило имаше вчера со сечењето дрва кај месноста Горица. Дали за Георгиески ваквото сериозно уништување на зеленилото е грижа за животната средина?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Наместо современи еколошки стандарди, какви што му прилегаат на еден туристички центар, велат од таму, оваа локална власт ја уништува животната средина.

„Фотографиите од терен го демантираат градоначалникот Георгиески дека исечените дрва биле стари бидејќи се гледа дека тие се во добра состојба. Дали се сечени стебла и на друга парцела под патеката, која е во сопственост на Република Македонија? Згрозени сме од ароганцијата на градоначалникот Георгиески, со која сака да ја потцени интелигенцијата на граѓаните. Наместо да порачувате кој и што треба да прави, како локална самоуправа сте одговорни за обезбедување чист воздух и заштита на животната средина, кое се прави со садење нови дрва, а не сечење на малкуте останати. Охриѓани не ги забораваат од претходно исечениот дрворед кај Горица околу вилата на претседателот на РМ, целиот дрворед здрави дрва кај Општината, како и на неколку атрактивни локации низ центарот на градот. Кажете вие колку нови дрва засадивте во вашето владеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Дијаспора36 минути

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија57 минути

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа1 час

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион2 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија2 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт12 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија15 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија16 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија16 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ18 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија18 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија18 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија19 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија22 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет23 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ23 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ24 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија24 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија1 ден

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 ден

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Досие