Контакт

Соопштенија

Глас за Македонија: Одржувањето брзи избори во пандемија е злосторство

Објавено пред

Партијата Глас за Македонија прашува дали воопшто може и смее да се размислува за брзи избори во услови на целосно непредвидливо однесување на смртоносниот вирус.

„Веќе сега, според бројките на новозаразени, ги гледаме резултатите од неодговорното однесување за време на празниците. Ниту намалениот број на тестови, ниту фаличната епидемиолошка анкета која не содржи цели 6 отпосле додадени симптоми, не можат да ја сокријат реалноста. Болеста се шири, здравјето и животот на граѓаните се во опасност. Кои се тие фер и демократски избори (кои тоа не се ниту во нормална ситуација) каде се оди со непречистен избирачки список, директно од карантин во изборна кампања, без доволен број на набљудувачи, во мали простории, со личен контакт без потребната социјална дистанца на одборите и гласачите?! Дали е нормално да не работат образовните институции, а за избори да се оди со главата во торба по секоја цена?!“, прашува партијата на Солза Грчева преку соопштение.

Според партијата, на власта ѝ одговара најмала излезност, каква што би била во овие услови.

„Ова е ловење во матно. Наместо да слушаме чист фолклор од типот овој или оној ‘бега од избори’, јасно им порачуваме дека граѓаните ќе бегаат од таквите опасни по животот избори. И со право. Глас за Македонија не сака да лицитира со датуми, бидејќи датумот за избори треба да е исклучиво одреден од пошироката епидемиолошка слика. Кој смее да споменува месеци и датуми? Знаат нешто што ние не знаеме за однесувањето на вирусот? На чиј товар ќе падне ширењето на заразата кое неминовно ќе ни го забрза доаѓањето на вториот бран?! Иако сме во правен вакуум, тоа е помало ‘зло’ за кое со консензус може да се најде решение. Истите кои комотно кршеа устав, закони, деловник, делеа селективни амнестии, сега станаа големи почитувачи на правото. Но, за сè има решение освен за изгубените животи“, велат од Глас за Македонија.

Глас за Македонија бара сите лидери на партии кои поднеле листи за парламентарните избори итно да бидат повикани на средбата кај претседателот.

„Зошто се тие исклучени и не можат да го кажат својот став, а сите тие се учесници во овој процес?“, прашуваат од партијата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче промовира лажна нормалност за да го ублажи поразот на Заев

Објавено пред

Здравствените власти предводени од Венко Филипче се тотално изгубени среде епидемијата со коронавирусот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија предупредуваат дека Македонија бележи нови црни биланси во однос на заразата.

„Во последното деноноќие се евидентирани 25 нови заболени и тројца починати. Со овие нови случаи бројот на вкупно заразени се искачи на 2.039, а на починати достигна 113 лица. Македонија е црн рекордер во регионот. Македонија е на врвот по починати на милион жители и заразени на милион жители, a е на дното по извршени тестирања“, стои во соопштението.

Во него се нагласува дека на СДСМ не им е битно здравјето на граѓаните, туку битно им е како да го спасат Заев од дебакл на изборите.

„Поразот им е неминовен и тоа самите го знаат. Сега се обидуваат само како да го ублажат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем и разумот капитулираа пред политиката, на Заев му е поважна кариерата отколку здравјето на граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата поради олабавувањето на мерките зашто, како што велат од партијата, бројот на новозаболени од коронавирусот е сè уште голем.

„На 14 април биле дијагностицирани 26 заболени од Ковид-19. На Велигден 37 новозаболени, а само пред два дена беа дијагностицирани 40 инфицирани. Пред еден месец, за Велигден, Заев, Филипче и Владата го прогласија најдолгиот четиридневен карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори.

Здравствените мерки на Филипче и власта на СДСМ доживуваат фијаско.

Македонија и понатаму е единствената земја во регионот каде што корона-епидемијата, наместо да се намалува, сè уште бележи црни биланси. Во последното деноноќие во Македонија има 16 новозаболени и тројца починати од коронавирусот.

Состојбата е далеку од нормализирана. Филипче, Заев и СДСМ сакаат да организираат брзи избори, само за да го ублажат поразот, иако секој ден наши граѓани се разболуваат и умираат од коронавирусот. Ним им е битно само да ја зачуваат политичката кариера, а не здравјето и животите на граѓаните.

Поради тоа што приоритет им е политиката, а не здравството, Македонија е рекордер во регионот по смртни случаи на милион жители. Поради нивната неодговорност и политиканство, Македонија е во врвот по бројот на заболени на милион жители. Поради тоа што не сакаат јавноста да ја дознае катастрофалната епидемиолошка слика, Македонија е на дното по спроведени тестирања.
Македонија првин мора да ја порази корона-епидемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на Зоран Заев и неговата власт.

ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали ги прифатил сите барања од бугарската држава за историјата и македонскиот јазик

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик.

„ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик? Од владејачката партија има молк за ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се ставени македонската историја и македонскиот јазик? Дали дел од пакетот на договорот е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик“, прашуваат од партијата.

За само неколку месеци, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

„Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евро-атлантските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед. Заев со својата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион18 минути

Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус...

Македонија14 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија15 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа15 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа18 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион18 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија19 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија20 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија20 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија21 час

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија21 час

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија23 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет23 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет23 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија2 дена

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија2 дена

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Досие