Контакт

Соопштенија

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ траумите на децата ги користи за политичко профитерство

Објавено пред

По вчерашната објава и информациите во јавноста итно го прекинавме финансирањето на првиот скопски извиднички одред, велат од Град Скопје, во врска со денешните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека дискутабилни програми по сексуалното образование биле финансирани и претходно.

„Градот обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти“, објаснуваат градските власти.

Од таму бараат институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност.

„Ваквите прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит“, велат од Град Скопје.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, a Заев вели тоа е најдоброто

Објавено пред

Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Заев вели тоа е најдоброто, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Од лани до сега цените на млекото, месото, маслото, брашното и другите основни намирници во малопродажба се покачени и до 20%. Животот е поскап, а стандардот ист, дури и тоне.

Заев не успеа да се справи со ниту една криза. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо.

Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит. Заев ја втурна државата во должничка спирала, придружена со инфлаторен вортекс кој голта сè пред себе.

Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика. 5 години имаме раст на економијата нешто над 1%, буквално сè тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот жестоко ги порази, со СДСМ може да има само прогрес на криминал и сиромаштија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и народот го победија СДСМ на овие избори со над 55 илјади гласови разлика. Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денес од СДСМ велат  дека ќе донесат прогрес. По 5 години власт нивниот прогрес е прогрес на криминалот, корупцијата, прогрес на инфлацијата и цените во маркетите, прогрес на трошоците за живот, се огласија преку писмено соопштение од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Прогрес на аферите и скандалите, на неказнетиот криминал, на неуспесите во здравството, ковид-жртвите, експериментите во образованието. Прогрес на нивниот личен имот и лични удобства, за сметка на сиромаштијата кај народот. Нивниот прогрес е регрес за народот и земјата. Со СДСМ може да има само прогрес на криминал, корупција и матни тендери. Прогрес во изминативе 5 години со Заев видовме само во плантажите со марихуана на Заеви и ним блиските фирми. Прогрес имаме на криминалци фатени инфлагранти како вршат кривично дело и наместо во затвор завршуваат на слобода или во домашен притвор, како Рашковски, Чипсио, Ден Дончев“, е потенцирано во писмениот допис од оваа партија.

Додаваат дека прогрес со СДСМ има во провизиите со вакцини.

„Веќе никој не му верува на Заев па, ниту неговите во партија. Заев изгуби и му се случи дебакл. Заев го очекува дебакл во втор круг и тоа го знае. Народот јасно се определи за промени“, стои во соопштението од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина

Објавено пред

Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина, народот одбра иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ. Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре. Се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина. Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ избрани на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.

„Но финалната победа доаѓа по вториот круг. За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа55 минути

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија2 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ4 часа

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет4 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет4 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија15 часа

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет18 часа

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија19 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ21 час

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија22 часа

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија23 часа

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија23 часа

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија1 ден

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија1 ден

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија1 ден

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт1 ден

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Досие