Соопштенија
Движење Беса: Што слави ДУИ?

Економската криза со која се соочува државата е исклучително тешка, бидејќи секојдневно благосостојбата на граѓаните е на најниско ниво. Поскапувањето на нафтата, на храната, на струјата е товар за секое семејство во земјава. Покрај со оваа голема криза, Тетово деновиве се соочи и со елементарни непогоди, поројните дождови го блокираа градот и потшарпланинските села. Два дена по поплавите Тетово го зафати и црн чад како последица на големиот пожар кој избувна во магацин на фабрика во градот. По сите овие тешкотии и критични моменти, ДУИ смета дека е разумно да слави токму во Тетово, каде Владата во која е дел и ДУИ, не најде време да дојде и да види што се случува.
Што слави ДУИ во Тетово, поплавите што го зафатија градот или сакаат да слават што граѓаните ги испразнија фрижидерите? Или можеби го слават пожарот во фабриката? Не ви е срам што пред пејачите на кои ќе им бидат платени 8000 евра ќе ги извадите граѓаните кои немаат пари за основни потреби?
Секој разумен човек ќе размислеше да го откаже овој концерт, но очигледно нивните задоволства се пред граѓаните и нивните несреќи!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт

Сеавус официјално се ребрендира и ќе работи под името Киншифт (Qinshift). Оваа значајна промена е дел од најавената трансформација на технолошкиот столб на KKCG Групацијата, која на почетокот на летото објави дека ќе работи под два главни бренда, за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе работат под брендот Киншифт (Qinshift).
Со ова ребрендирање Сеавус се интегрира кон Киншифт, со што како најсилна алка на групацијата дополнително ја зацврсти својата позиција како меѓународна ИТ компанија.
Сеавус како компанија за развој на софтвер и консултантски услуги, беше основана во 1999 година во Малме, Шведска, а со интеграцијата во Киншифт опфати над 1400 вработени во преку 17 канцеларии и претставништва во 10 земји во светот, како и значајно портфолио на клиенти.
„Да се биде дел од Киншифт е голем предизвик. Ние за овој чекор се подготвувавме повеќе од две години, со што ова е за нас еден природен и очекуван процес. Да потсетам дека експанзијата на Киншифт е доказ за нашата посветеност во развој на иновациите и трендовите во ИТ индустријата и нашето досегашно искуство во успешни деловни софтверски решенија создадени од тимот од над 1400 ИТ експерти, сите до еден заслужни за тоа каде стигнавме денес и каде ќе ја однесеме компанијата утре. Денес Киншифт го чинат повеќе од 3500 професионалци, над 300 клиенти, 28 канцеларии низ светот и вкупен приход од над 200 милиони евра. Убав почеток“, изјави Коча Бошку, досегашниот извршен директор на Сеавус, кој во Киншифт ќе го води и развива бизнис одделот за телекомуникации, медиуми и технологија.
Киншифт е глобална технолошка компанија со силно европско присуство, со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи. Киншифт, исто така дава и деловни консултантски услуги. Компанијата опслужува разновидни клиенти, вклучувајќи големи телекомуникациски и сателитски оператори, финансиски институции, производствени и автомобилски компании, како и организации за мобилност и здравствени услуги, овозможувајќи им да напредуваат во дигиталната ера.
До крајот на годината ќе се ребрендира и интегрира во Киншифт и Stratiteq, компанија специјализирана за анализа на податоци со седиште во Шведска. Потоа, Cleverlance, чешкиот и словачки лидер во обезбедувањето услуги за дигитализација на бизнисот, како и дел од чешката корпорација Komix, која има силно присуство во автомобилската индустрија. Интеграцијата ќе биде завршена до крајот на 2024 година со вклучување на Clearcode, светски партнер за развој на софтвер за рекламирање и маркетинг (AdTech & MarTech) и Musala Soft, компанија со седиште во Бугарија која работи со големи клиенти (blue chip companies).
ПР
Соопштенија
Тимот што секогаш победува: вработените на Mozzart го обоија Крушево во сино-жолто

Највисокиот град на балканскиот полуостров Крушево, викендов беше обоен во сино-жолта боја.
Со голем број спортски активности, дружба, забава, игри и смеа, вработените во Mozzart уживаа во градење на тимот.
Заедничките предизвици и активности само го зајакнаа тимскиот дух и докажаа дека нема непремостливи пречки за тим кој доминира на деловен план, па и на терен.
Вработените без размислување го прифаќаа секој предизвик – од изработка и лансирање ракети, поминување тешки патеки во адреналински парк до тестирање на нивните кулинарски способности, а дружењето заврши со караоке забава.
Главниот заклучок по тридневната авантура е дека вработените на Mozzart уште еднаш покажаа како колегите треба да се забавуваат и поддржат, бидејќи само таквата атмосфера носи врвни резултати.
Со тим билдинг се вратија подготвени за нови работни предизвици и со уште една потврда дека се ТИМОТ КОЈ СЕКОГАШ ПОБЕДУВА!
(ПР)
Соопштенија
Пуштена во употреба најголемата онлајн-продавница во Македонија

Ananas онлајн шопинг мол е конечно достапен и во Македонија, а по објавената прва кампања можеме само да погодуваме какви изненадувања подготви Ananas за своите корисници. „Шопинг мол, ā на нет“ со над 100.000 производи од различни категории со себе носи целосно нов концепт на онлајн купување во Македонија.
Што точно е онлајн шопинг мол?
Онлајн шопинг мол е дигитална платформа која функционира како виртуелен трговски центар. Слично на физичкиот трговски центар каде што различни продавници се наоѓаат под ист покрив, онлајн пазарот обединува различни продавачи и нивните производи на едно место – интернет просторот.
Тогаш што е Ananas онлајн шопинг мол?
По истиот принцип, Ananas онлајн шопинг мол ги обединува малите и средни претпријатија преку давање можност да ги промовираат и продаваат своите производи на широкaта јавност, со што директно придонесува за понатамошен раст како на локалната економија, така и на балканската е-трговија.
Понудата на Ananas, шопинг мол, ā на нет вклучува над 100.000 производи од различни категории, вклучувајќи мали апарати за домаќинство, ТВ и аудио уреди, бела техника, градинарски мебел, облека и модни додатоци, козметика, опрема за спорт и рекреација, и многу други категории.
За разлика од традиционалните онлајн продавници кои нудат само сопствени производи, Ananas нуди широк избор на производи од различни трговци, што значи дека можете да ги споредите цените и карактеристиките на производите и да го направите вистинскиот избор според вашиот вкус.
Она што го издвојува Ananas на пазарот се бројните поволности што ги нуди за своите корисници, а меѓу нив, покрај широкиот асортиман на производи, се премиум условите за сите членови на Ananas + Клуб, бројни промоции, сериозно големи попусти, најсовремени методи и експресно време на испорака – рок од 24 часа.
Што е Ananas директ?
Ananas Директ значи испорака за рекордно брзо време. Нарачуваш наутро, а пратката пристигнува најдоцна денес или утре. Секој производ на платформата означен со “ā – direkt” се наоѓа директно во магацинот на Ananas, што значи побрза и поефикасна испорака.
Со широк асортиман на производи, висок стандард на корисничко искуство и амбиција за регионално проширување, Ananas ја крои иднината на онлајн трговијата во регионот, а со лансирањето на најголемата онлајн продавница во Македонија, Ananas е чекор поблиску до својата цел – да стане број еден во регионот кога станува збор за е-трговија.
(ПР)