Контакт

Соопштенија

Демократски сојуз: Закон за јавно обвинителство без корумпирани и амнестирани

Објавено пред

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата донесувањето на законот за јавно обвинителство, кој е од исклучителна важност за борбата против организираниот криминал и високата корупција и за нашите европски интеграции, да не го користат за партиски надмудрувања и предизборна политичка кампања.

Демократскиот сојуз смета дека во градењето на законските решенија на Законот за јавно обвинителство треба првенствено да се вклучат експерти и пратеници, односно претставници на политичките партии против кои не се водат судски постапки или, пак, се амнестирани за тешки облици на криминал.

„Бараме текстот на законот јавно да се објави, јавната расправа да биде пренесувана во живо преку собранискиот канал и јавно, во писмена форма, да се објават ставовите на партиите вклучени во преговорите за Законот за јавно обвинителство. Продолжувањето на ‘преговорите’ да се одвива пред медиумите“, соопшти партијата.

Демократскиот сојуз смета дека за обвинители во одделот за организиран криминал и висока корупција треба да се бираат најстручните кадри, за кои нема никакви сомневања за инволвираност во криминал, професионалци кои уживаат углед во јавноста и за кои нема сомнение за политичка поврзаност, да се со висок професионален кредибилитет и интегритет и посебно, на никој начин да не се поврзани со криминалната афера „Рекет“.

Исто така, треба да се обезбеди висок степен на независност, двостепеност и контрола над работата на одделот за гонење на организиран криминал и корупција.Демократскиот сојуз смета дека законот треба да биде во функција на ефикасно гонење на криминалот и високата корупција и затоа сме против гнили компромиси, политички пазарења и отстапки на штета на владеењето на правото и подеднакво важење на законите за сите.

Соопштенија

Левица бара оставка од Филипче: „Неговата стратегија е вината да ја префрла на народот“

Објавено пред

Најновите статистички извештаи на веб-сајтот „Ворлдометерс“ според кои Македонија е прва во светски рамки по број на починати во 24 часа на милион жители, уште еднаш ја покажува алармантно лошата кондиција на нашиот здравствен систем, велат од политичката партија Левица.

Од таму како голем проблем ја посочуваат и, како што велат, неодговорноста на министерот за здравство, Венко Филипче, кој на почетокот на пандемијата рекол дека се очекува пикот на заразени  да достигне до 2.000, а до вчера во земјава  вкупно се детектирани 26.954 случаи на инфекција.

„Денеска Филипче изјави дека над 85% од досега починатите (919) од Ковид-19 имале други хронични болести. Погрешните одлуки на Владата се согледуваат во тоа што хронично болните лица, иако се загрозена категорија, повторно беа вратени на работните места – додека Владата се обидува да протне онлајн седници на Собранието“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека министерство на чело со Филипче треба да престане со стратегијата на префрлање вина на „непослушниот“ народ.

„Арогантниот однос на Филипче кон народот не застанува со обвинувањата за ширењето на вирусот. Тестовите кои се прават на државна сметка се многу помалку отколку оние во приватните клиники. Според објавените информации во јавноста, завчера за едно деноноќие се направени само 776 на државна сметка, а останатите 1.125 во приватните клиники, за кои пациентите платиле вкупно 75 илјади евра. Освен ова, огромни се сумите со кои полицијата ги казнува оние кои ќе ги фати без маска, во автомобил или онаму каде што е пропишано да се носи, додека, пак, кафичите во сопственост на блиски личности до власта не се санкционираат, иако ги прекршуваат правилата“, посочуваат од Левица од каде што бараат Венко Филипче да си поднесе оставка и следниот министер сериозно да ја преземе работата за справување со оваа криза.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-Народна партија: Зошто во Македонија сè уште нема брзи ПЦР-тестови во аптеките?

Објавено пред

ВМРО-Народна партија тврди дека има потврдени информации оти во некои од соседните земји веќе се продаваат брзи ПЦР-тестови каде што луѓето може самостојно да го купат во аптека и самостојно во рок од петнаесет минути да направат проверка дали нивниот резултат е позитивен или негативен.

Цената на овие брзи ПЦР-тестови, според ВМРО-Народна партија, изнесува 12-ина евра.

„Зачудени сме зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и не ги пуштаат на пазарот ваквиот тип тестови, кои, од една страна, ќе доведе до значитечно финансиско олеснување на луѓето, а од друга, пак, ќе се избегнат долгите редици во медицинските центри и лабораториите, со што дополнително ќе се спречи и можноста за ширење дополнителна зараза. Ако фармацевтските компании немаат интерес за ваков увоз, тогаш може и самата Влада да направи директен увоз на вакви ПЦР-тестови и да се пуштат во широка продажба за масовна самоконтрола и проверка на луѓето“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ситуацијата со коронавирусот е сериозна, законските измени да се донесат без одлагање

Објавено пред

„Во период кога есенскиот бран на коронавирусот е во налет како кај нас така и во државите од регионот и Европа, а бројот на инфицирани секојдневно расте, потребна е целосна посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата. Граѓаните мора доследно да ги почитуваат мерките и на тој начин да го заштитат сопственото, но и јавното здравје. Најдобро, наједноставно и најефикасно оружје е носењето заштитна маска, шал или марама, држењето дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете“, соопшти СДСМ.

Според партијата, за поголема заштита и за намалување на притисокот врз здравствениот систем, по предлог на Комисијата за заразни болести, Владата предводена од СДСМ усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири.

„За стапување на овие мерки во сила, потребни се измени на Законот за заштита на населението од заразни болести. Измените што се во собраниска процедура мора да бидат донесени без одлагање затоа што се важни за заштита на јавното здравје и поголема заштита од коронавирусот. Сите пратеници да покажат одговорност и да ги поддржат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа46 минути

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија2 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија6 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија7 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа7 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет7 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија8 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет8 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ9 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија9 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион10 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија11 час

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа12 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ12 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет12 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија24 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет24 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија1 ден

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија1 ден

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Досие