Соопштенија
Димитров во Кавадарци: Европската иднина на младите е во нивни раце

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше во посета на Кавадарци каде што имаше средби со граѓани и средба со градоначалникот Митко Јанчев, а исто така присуствуваше и на карневалското дефиле по повод Тиквешки гроздобер.
Димитров за време на својата посета на Кавадарци даде и изјава за медиумите во која посочи дека после историската посета на германската канцеларка Ангела Меркел и тоа на Денот на независноста на Република Македонија, пораката е јасна, нашата земја, изјави Димитров, има целосна поддршка за успешен референдум кој ќе ни ги отвори вратите кон НАТО и ЕУ.
Исто така тој нагласи дека предизвиците на локално ниво се видливи, но овој референдум е историска одговорност за сите политичари и не е за една или друга партија, туку за нашата целокупна иднина. Конечно, членството во НАТО и ЕУ директно ќе придонесе за решавање на предизвиците кои ги имаат граѓаните, додаде министерот за надворешни работи.
Министерот Никола Димитров јавно и низ директни разговори, особено им се обрати на младите во Кавадарци со порака дека ова е историска можност која мора да се искористи и дека се работи пред се за нивната иднина, а клучот за подобар живот, вели тој е во нивни раце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Мицкоски рипна да го брани својот шеф, ги легитимираше дури и насилствата од 27-ми април

Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф – осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски. Тој се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27-ми април, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.
Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства“, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ.
Од партијата додаваат дека не е Мицкоски тој што треба да кажува кој е виновен, а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.
„Република Северна Македонија е правна држава. Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.
А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо. Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија“, се додава во реакцијата на СДСМ.
Соопштенија
СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагирајќи на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„СДСМ како одговорна и државотворна партија, во демократска, отворена постапка избира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крајот Мицкоски сам да си го избере својот послушник. Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго“, велат од СДСМ.
На Република Северна Македонија и на граѓаните, како што додаваат, не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со безбедноста во сообраќајот е хаос

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско, црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека сè уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Велат, Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто-мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “, откако ѝ била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа ѝ била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.
„Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде што регистрација врши ‘Дурмо турс’ и по кои основи истата е вратена? Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту, пак, околностите во кои настанала“, прашува опозицијата.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал