Контакт

Соопштенија

Директорот на Националниот демократски институт со силна поддршка за евро-атланската иднина на земјава

Објавено пред

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска во седиштето на партијата имаше работна средба со регионалниот директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Централна и Источна Европа, Роберт Бенџамин.

Како што информираат од владејачката партија, на средбата се разговарало за континуираната поддршка која НДИ ја дава за нашата земја и за процесите во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април.

„Генералниот секретар Николовски се заблагодари на поддршката од НДИ за земјава, но и за политичките партии, вклучително и СДСМ. Николовски посочи дека СДСМ е целосно подготвена за претстојните избори, има нов систем за работа и делување, секојдневно е помеѓу граѓаните и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и иднината на државата“, стои во партиското соопштение за средбата.

Директорот на НДИ за Централна и Источна Европа ја истакнал поддршката за евро-атланската иднина и перспектива на земјава и додадал дека НДИ и понатаму останува посветена на помошта и во пресрет на парламентарните избори.

Соопштенија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ почнаа да измислуваат лажни формули за растот на платите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски до толку не може да се помират со растот на платите, па почнаа да измислуваат лажни формули за платите во образованието, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски, кој тврдеше дека платите за наставниците и професорите според законот треба да бидат повисоки од најавеното покачување.

„Работното место наставник според колективниот договор за основно образование има коефициент на сложеност 2,503. Тој се множи со утврдената најниска плата во дејноста образование, а не со минималната плата како што лаже ВМРО-ДПМЕ, а таа изнесува 13.417 денари или пресметка за плата на наставник математички прецизно: 2.503 х 13.417 = 33.583 бруто-плата или 22.713 нето-плата“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со сегашното покачување од 10 отсто, што ќе биде ефективно во јануари 2020, платата за наставниците со коефициент 2,5 ќе биде токму онолку како што се предвидува.

Од СДСМ нагласуваат и дека за цели седум години од 2010 до 2017 година просечната плата во образованието пораснала едвај 850 денари.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Владина делегација положи венец за помен на загинатите припадници на ЈНА

Објавено пред

Делегација на Владата, предводена од националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, денеска, положи венец на споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот Слобода.

Претставниците на Владата им оддадоа почит на педесет и четворицата загинати припадници на поранешната ЈНА, кои настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година, а потекнуваат од нашата држава.

На настанот, кој е во организација на Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, во соработка со националниот координатор за воени и полициски ветерани, присуствуваа и положија цвеќе и претставници на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегација на претседателот, Стево Пендаровски, и делегациja предводенa од началникот на Генералштабот на АРСМ.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Заев со провидно итроманство сака да ги залаже професорите

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ, потценувајќи ја интелигенцијата на професорската и наставничката фела, секој месец им крати и им зема по 5.660 денари од нивната плата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.

„Покажувајќи провидно итроманство, што го препознаваат и професорите и наставниците, Заев мисли дека може да ги залаже професорите да прекинат со протестите и да не си ги бараат своите плати, па им покачи некои си 10 отсто, кои се многу помалку од тоа што треба да го добијат според законот, односно според колективниот договор од 2010 година“, порача тој.

Како што рече Арсовски, според колективниот договор, наставниците и професорите имаат коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533:

„Коефициентот се множи со минималната плата, која моментно изнесува 12.500 денари нето, при што се добива плата од 31.660 денари, односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10 отсто“, појасни партискиот портпарол.

Според него, доколку предвид се земе фактот дека минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари, тогаш во согласност со законот и колективниот договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари.

Арсовски порача дека по изборите на 12 април, ќе дојде нова реформска влада, која ќе изврши обнова на Македонија и која, како што рече, ќе го почитува Законот за минималната плата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата3 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија4 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ5 часа

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ5 часа

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија6 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија6 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада7 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија7 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија8 часа

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија9 часа

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија9 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија10 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа10 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет10 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет11 час

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион12 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет12 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет13 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Досие