Соопштенија
ДОМ бара построги казни за загадувачите на воздухот

Зелената партија ДОМ бара од државниот, градскиот и од општинските инспекторати засилени инспекциски контроли и санкционирање на загадувачите.
Како што велат од таму, новиот правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи, кои ги емитираат стационарни извори во воздухот, овозможува инспекторите построго да ги санкционираат загадувачите на воздухот.
„Измената на правилникот ја иницира раководителот на градскиот инспекторат во Скопје, Мирослав Богдановски, кога минатата година при инспекциски надзор и извршено мерење биле утврдени покачени емисии од едно правно лице, а постојниот правилник не давал можност за санкција. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, организира формирање работна група за изменување и дополнување на правилникот, во која учествуваа стручни лица од Министерството, акредитирани лаборатории, претставници на инспекторатите и здружението на граѓани ‘О2 иницијатива’“, појаснуваат од ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Мицкоски е најголемиот бранител на криминалците

Мицкоски е најголемиот бранител на криминалците, не може да се помири што правдата стигна и што сите се еднакви пред законите, велат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски секојдевно докажува дека е единствен и најголем бранител на криминалот и криминалците. Тој не може да се помири што денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот – одговара, нема повеќе недопирливи. За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите“, велат од партијата.
Затоа, додаваат од СДСМ, за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите и нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин.
„Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски. Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, а негова сурова реалност е тоа што губи на секој изборен циклус. Мицкоски е поразен политичар без став, без идеја кој не донесе ништо ново, тој е срам за десницата во Северна Македонија“, пишува во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев е бранител на криминалот на Рашкоски кој и понатаму може да влијае на сведоците

Заев е бранител на криминалот на Рашкоски кој и понатаму може да влијае на сведоците. Рашкоски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„’Немам сомневање дека се е чисто’ – рече Зоран Заев за случајот со Рашковски. Со ова Заев му дава легитимитет и институционална покриеност на Рашковски и неговите дејствија, дека тие дејствија се дејствија на владата, т.е. на него лично. Зоран Заев потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер. Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода. Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека набавката на софтверот на Рашковски е идеја на Владата и Владата стои зад него, а тоа го кажал Зоран Заев лично.
„Го повикуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да го прошири случајот и кон него. Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Партија на пензионери: Пратениците од опозицијата не се залагаат за потребите на загрозените граѓани

Партијатa на пензионери преку писмена реакција го осудува, кaко што велат од таму, лицемерното, срамно, ненародно и деструктивно однесување на пратениците од опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтенатива.
Од оваа партија потенцираат дека тие наместо да стојат на дадениот збор за деблокирање на Собранието, по којзнае којпат потврдија дека никогаш искрено не се залагале за потребите на социјално засегнатите граѓани, работниците и економијата.
„Пратениците на опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтернатива, користејќи го фактот дека мнозинството во Собранието, кое е тесно, поради епидемијата со Ковид-19 ќе се соочува со проблем за обезбедување на потребен кворум за работа, со непринципиелни и подли преседани и постапки, кои во основа секогаш се на штета на граѓаните и по кои се познати во целиот период на нивното делување, со месеци го држат во ‘заложништво’ Собранието и неопходно потребната помош за голем број граѓани, компании и економијата, а сега го одложија донесувањето на петтиот пакет на мерки за помош“, посочуваат од партијата на пензионерите.
Тие напоменуваат дека „Договорот“ за одблокирање на Собранието е општ, и тој покрај другото условува и меѓусебно да се повлечат, можеби и претходно заемно договорени, илјадници амандмани, со кои воведоа пресадан за вршење непринципиелен притисок за сè и сешто. Договорот всушност подразбира дека позицијата и опозицијата нема да го злоупотребуваат отсуството на заболените пратеници од Ковид-19.
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, понесени од сопствените фрустрации, а во обид да се прикажат како ‘добрите момчиња’, пак се вратија на тоа што најдобро го знаат да манипулираат, спинуваат, да ја искривуват вистината и тоа секогаш на грбот на народот. Но граѓаните го ‘прочитаа’ нивното лицемерие и лажен патриотизам оптоварен со завист, подмолност, конфликтност и деструкција“, реагираат од оваа партија.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш