Контакт

Соопштенија

ДОМ: Градоначалникот на Гази Баба уништува зеленило кое е неопходно за загадената општина

Објавено пред

По реакциите на граѓани од општина Гази Баба поради сечата на стари дрва во Железара, заради изградба на паркинг, од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) јавно го потсетуваат општинскиот градоначалник, Борис Георгиевски, дека законот пропишува прецизна процедура за било какво сечење дрва.

Според ДОМ, во овој случај процедурата очигледно не е испочитувана.

Од партијата бараат од градоначалникот на Гази Баба да се информира за законите, процедурите и значењето на урбаното зеленило, бидејќи како што велат, тој сигурно не е свесен колку се скапоцени дрвјата, посебно за населба како Железара, која со денови се гуши од „недефинирано“ загадување на воздухот.

Оттаму бараат од Георгиевски во иднина да го зголеми зеленилото во општината.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги десеткуваме казните за сообраќајни прекршоци

Објавено пред

Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Граѓаните очекуваат правда и правичност. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за спроведување систем за превенција, па казнување. Во таа насока ќе следуваат нови модели во работењето на Трудовата и Пазарната инспекција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Казната ќе следува само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако таа и натаму се повторува од страна на правното лице. Се обврзуваме на десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Граѓаните мора да се растоварат од големите и драконски казни. На пример, доколку некоја глоба сега изнесува 300 евра, таа ќе се сведе на 30 евра.

Системот на мали, но ефективни казни, ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети, кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето на грбот. Исправи се, Македонијо! Избери обнова!“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

Објавено пред

Шекеринска знаела за криминалот и рекетирањето. Шекеринска уживала во Луј Витон луксузот на Боки 13. Шекеринска молчела за потеклото на парите на Боки 13, иако била свесна дека невработено лице со блокирана сметка не може да има такви приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека милиони евра завршуваат во Луј Витон торби, пари за анестезиолози и доктори ќе нема, а здравствениот систем ќе колабира. Ситуација во која се најде Македонија како последица од корона вирус очигледно не ги интересира челниците на СДСМ.

Црната бројка на заразени во Македонија надмина 7000 граѓани, а Министерот Венко Филипче си тера политичка кампања и си снима пропагандни спотови за партијата. Бројот на починати наши сограѓани е речиси 350, и таа секој ден се зголемува. Неодговорноста на власта доведе до ваков колапс на здравството.

Здравствениот систем се распаѓа. Наместо да се трудат да набават лекови го видовме директорот на Фондот за здравство Ден Дончев собира снопчиња со пари во кожна чанта. Медицинските работници молат за медицинска опрема, болниците е распаѓаат.

Водството на СДСМ ги интересира се друго освен интересот на народот. Видовме како се носат Луј Витон куфери полни со милиони евра рекетирани пари, за кои осудениот во случајот рекет Боки 13 посочи дека завршиле кај Вице и Зоран Заев. Видовме снимка како Боки 13 е во друштво со веќе осудената за случајот рекет Катица Јанева и Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ.

Слушнавме како се рекетирале и странски бизнисмени за 300.000 евра од самиот врв на Владата предводена од СДСМ. Слушнавме како Вице Заев давал зелено светло за палење на автомобили на политичките неистомисленици, како се местеле тендери за блиски до власта. Има се повеќе докази дека врвот на СДСМ е една голема криминална банда која ја уништи Македонија.

Видовме се само не видовме како владата предводена од СДСМ реализира проекти во корист на граѓаните. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска заедно со Катица Јанева уживале во луксузот на Боки 13

Објавено пред

Шекеринска и Заев се соучесници во криминално-рекетарските шеми. Тие знаеле и молчеле за милиони евра изнудени од бизнисмени во овие три години. Шекеринска уживала во луксузот на Боки 13, а знаела дека истиот нема толкави легални приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерно Шекеринска, политичкиот лик кој од транзицијата до ден денес егзистира во и од политиката, да говори за иднината на младите и за развој на економијата. Шекеринска е антипод на секоја политика на младите. Денес таа требаше да даде одговор што можеше, а не направи за младите во Македонија.

Целата јавност ја виде Шекеринска како седи на состаноци со Катица Јанева и Бојан Јовановски, место да работи во интерес на државата и младите. Поради погрешните политики и однесувањето на Шекеринска и таквите како неа во СДСМ, 80% од младите во земјава сакаат да заминат во странство. Поради неа 140 илјади млади живеат во сиромаштија, а во меѓувреме милиони евра се разнесуваат рекетирани пари низ државата. Шекеринска и Заев се прочитана книга. Младите, како и сите во Македонија својата поддршка ќе ја дадат на Обновата, затоа што во неа гледаат напредок и подобар стандард. Бидејќи Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Секој десетти заболен од ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции со ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни, биле меѓу здравствени или...

Регион2 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија2 часа

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на Ковид-19 наесен во однос...

Македонија3 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет3 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет3 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија14 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија14 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет15 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион17 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија19 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија21 час

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија21 час

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија22 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион22 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија22 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион1 ден

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ1 ден

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура1 ден

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Досие