Соопштенија
ДОМ Зелена партија најавува позитивна кампања за зелена иднина

Деновиве на социјалните мрежи вирално се прошири навидум едноставно, но моќно видео кое нѐ потсети на суштината на човековото живеење на планетата Земја – што секој од нас прави за светот да биде подобро место за живеење.Одговорите поделени, заклучокот – не правиме доволно, а пораката само една: секој од нас ја има моќта да направи промена. На крајот на денот, личноста зад завесата ја дели истата иднина како вас, иднина во која треба да се вложува, иднина во која го дишеме истиот воздух, иднина во која треба меѓусебно да се почитуваме и да ги прифаќаме различностите, но и да живееме во хармонија со природата – затоа што само така ќе го направиме светот подобро место за живеење.
Социјалниот експеримент кој за кратко време доби преку 100.000 прегледи е дел позитивната политичка кампања на партијата ДОМ за претстојните предвремени парламентарни избори, со слоганот „Иднината е зелена!“.
Видеото наиде на коментари на социјалните мрежи, опишувајќи го како ведро, спонтано, полно со животна енергија и позитивни афирмативни мисли, без навреди и погрдни зборови, што е новитет и ретко се гледа на македонската политичка сцена, каде граѓаните се навикнати на негативна и агресивна кампања.
„ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања за промоција на зелените вредности: заштита на животната средина, почитување на човековите права и еднакви можности за сите, социјална правда и зелена економија базирана на обновлива енергија, енергетска ефикасност, органска храна, еко-туризам и смарт технологии. Кампањата има и едукативна улога, за подигање на еколошката свест за потребата од целосна преобразба на Македонија во земја со одржлив развој и одлучна климатска акција, која што води сметка за природата и здравјето на граѓаните“, велат од политичката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Просечната плата е зголемена 7 %

„Успешните економски политики што ги креира и реализира СДСМ даваат позитивни резултати и во време на најтешката глобална здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од 7 %, односно 1.800 денари, покажаа официјалните податоци на Државниот завод за статистика“, соопшти СДСМ.
Според истиот извор, просечната плата во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари.
СДСМ како одговорна партија посветено работи за подобар животен стандард за граѓаните, создавање услови за рестарт на економијата и уште побрз раст на платите, се вели во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев е убедливо на дното по странски инвестиции

„Македонија со Заев е убедливо на дното по странски инвестиции, од 2 до 4 и пол пати помалку од соседите. Македонија со неспособната власт на Заев е убедливо на дното по прилив на странски инвестиции во регионот и Европа во 2020 година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, заклучно со септември 2020 година, во Македонија има помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и со Албанија.
„На жител за 9 месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, во Албанија и Србија 4 и пол пати повеќе. Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата поради која странските инвеститори бегаат. Не може да се вадат дека корона-кризата е причина за нивото на странски инвестиции бидејќи корона-криза имаа и соседните земји, а кај нив странските директни инвестиции се од два до 4 и пол пати повеќе на жител. Главна причина за отсуство на инвестиции во една земја се корупцијата и криминалот на власта.
Поради криминалната власт, која секој ден се богати, народот осиромашува. Поради криминалната власт, се задолживме за над милијарда евра нов долг за неколку месеци, а истовремено 54 илјади лица останаа без работа. Со Заев Македонија стана најнесреќната, најсиромашна и најкорумпирана држава во Европа“, се вели во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот

Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот, велат од СДСМ.
„Состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот во државата се стабилизира, бројот на новорегистрирани случаи и на починати е намален, расте бројот на оздравени. Бројот на хоспитализирани пациенти во државата е намален двојно, со што значително се намалува притисокот врз здравствениот систем и медицинскиот персонал. Стабилизирањето на состојбата е благодарение на почитувањето на мерките од страна на мнозинството граѓани и засилените инспекциски контроли. Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме“, веат од СДСМ.
Напротив, додаваат од таму, сите треба, како и досега, да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.
„Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот. Многу бргу ги очекуваме првите 8.000 вакцини од компанијата ‘Фајзер’, кои се обезбедени со помош на соседна Србија. Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините, така што набргу може да почне имунизацијата. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми државата обезбедува вакцинација за 1,2 милион жители на Северна Македонија, односно за 60-70 отсто од вкупното население. Сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој од нас. Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје за да ставиме конечен крај на пандемијата и што побргу да се вратиме на нормалното функционирање“, се наведува во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот