Контакт

Соопштенија

ДОМ: Итно да се изгласа забрана за увоз на отпад како гориво

Објавено пред

Зелената партија ДОМ бара итно да се изгласа измената на Законот за управување со отпадот предложена од пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска. Со тоа ќе се забрани увоз на отпад како гориво и ќе се отстрани тој извор на загадување во време кога аерозагадувањето е многу високо, а институциите за контрола слаби.

„Деновиве, македонското Собрание ја разгледува седницата на која се наоѓа оваа точка. На изненадување на предлагачите и на сите што го следат процесот, на вчерашната сесија претседателот Џафери ја прескокна точката, со образложение дека не се создадени деловнички услови за разгледување. На процедурална забелешка од Поповска дека законот е поддржан и од матичната комисија и од Законодавно-правната комисија и со тоа се исполнети деловничките услови, следуваше ново појаснување од претседателот дека всушност не е постигната согласност за разгледување од страна на координаторите на пратеничките групи“, велат од ДОМ.

Партијата ги повикува собраниските координатори да не го попречуваат изгласувањето на законот кој е во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

Соопштенија

СДСМ: Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и граѓаните е лицемерен

Објавено пред

Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и граѓаните е лицемерен и затоа остануваат во опозиција, денес слободата на медиумите е загарантирана, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Заев определува кои се објективни медиуми, а кои не.

„Апсење новинари, упади и затворање медиуми, погазување на слободите на граѓаните и неистомисленици – таков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и критичката јавност цели 11 години. Поради таквиот однос на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава со години беше на дното на Европа по граѓански и новинарски слободи“, пишува во реакцијата.

За разлика од таквото темно минато, велат од СДСМ, денес владее слобода, секој отворено и без страв може да ја критикува власта, но и секој друг политички субјект во државата, а многубројни извештаи на меѓународни организации и институции го препознаваат напредокот што Република Северна Македонија го прави во заштита и унапредување на новинарските слободи.

„Тоа ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да може да го разбере ниту, пак, да го обезбеди. Нивниот однос кон медиумите, кон граѓаните, е лицемерен, потценувачки и затоа остануваат во опозиција и следните 4 години“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Станавме земја во која Заев определува кои се објективни медиуми, а кои не

Објавено пред

Станавме земја во која Зоран Заев определува кои биле објективни медиуми, а кои не, држава во која физички се тепаат новинари и се поднесуваат нарачани обвиненија само затоа што си ја вршат работата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ реагира и остро го осудува бруталното и недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите редејќи етикети, навредувајќи ги, пресметувајќи се.
Ваквото однесување на Зоран Заев преставува примитивизам, кој станува одлика на хибридниот режим во кој тој ја втурна државата“, се наведува во писменото соопштение.

Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да им се извини на медиумите и на целата јавност поради недоличниот, дрзок и селективен однос кон медиумите.

„Зоран Заев е лидер на партија која води влада што селективно кани новинари и медиуми да проследуваат владини прес-конференции и настани, влада во која новинарите се принудуваат однапред да ги кажат прашањата за кои се интересираат и кои се етикетираат и делат на подобни и неподобни. Зоран Заев е политичар кој одбива дебати, одбегнува критички медиуми и интервјуа и човек што гази по новинарската професија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено пред

Политичката партија Левица реагира на поскапувањето на струјата, оценувајќи ја одлуката како ненародна. Eден од предлозите на Левица е укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија.

Левица предлага и промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации, како и мораториум за вработување во овие енергетски компании.

Политичката партија обвини дека еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Изговорот на социјал-демократите дека плаќаме најниска цена за електрична енергија е дрско манипулирање кога над 400.000 жители живеат на работ на сиромаштија и сведочиме масовно иселување поради социјалната беда, корумпираноста и невработеноста! Потенцираме, генезата на сегашното поскапувањето на електричната енергија има своја историја и никако не е само поради причините кои ги наведе РКЕ, кои би предизвикале поскапување за нешто повеќе од 1.5%, а не повеќе од 7%“, велат од Левица.

Партијата ги повикува одговорните да го испитаат работењето на кадровските решенија на Анѓушев, со акцент на одговорниот на Операторот на електропреносниот систем при АД МЕПСО и неговото, како што велат, катастрофално менаџирање со водните ресурси во акумулациите – како и одговорните во ЕСМ задолжени за тендерите за ископ на руда, превоз и ремонти во компанијата.

Левица предлага и итна замена на овие кадри со лица со интегритет и стручност, како и нивна одговорност за штетата која ја предизвикале.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет5 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет5 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион6 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет7 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија11 час

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија11 час

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ11 час

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет12 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија12 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет14 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет15 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија15 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет15 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија15 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет16 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија1 ден

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет1 ден

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија1 ден

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Досие